Политика

СДСМ: Директна помош од 70 милиони евра за исплата на плати на 83.000 работници

Мерките, креирани од Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, што спасуваат работни места и обезбедуваат помош за домашната економија продолжуваат до крајот на оваа година, соопшти СДСМ.

Оттаму додаваат дека поддршката за исплата на плати, продолжува и за месеците октомври, ноември и декември.

„За разлика од претходните месеци, сега, поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите и самостојните вршители на дејности.Тоа значи дека колку е поголем падот на приходите во компаниите толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите, односно, таа ќе се движи од досегашните 14.500 денари, па сѐ до 21.776 денари.

Со оваа мерка ќе бидат поддржани 83.000 работни места во нашата економија на месечно ниво, односно вкупно 250.000 плати за последниот квартал.За реализација на оваа мерка ќе се одвојат 70 милиони евра, пари за директна помош на работните места.Во период на сериозна глобална здравствена и економска криза, Владата предводена од СДСМ, со пакет мерки, во вкупна вредност од 470 милиони ерва, застанува зад секој поединец, зад секој приватен субјект кој е погоден од негативите последици.

СДСМ како одговорна партија продолжува со мерки и политики за спас на работни места, за помош на невработени и социјално ранливи граѓани, за поттикнување на приватната потрошувачка, за конкретна помош за домашната економија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани вести

„Рекет“: Три години затвор за Кичеец

Влатко Зорба

Хајредини: ВМРО и ДУИ работат координирано дури и кога изгледа дека не се согласуваат

Ратификацијата на протоколот за НАТО влегува во собраниска процедура

Никола Поповски

Спасовски за сообраќајните казни за премиерот и министри: Не може да има неказнивост за никого

Влатко Зорба

Бошковски до Мијалков: Ти и Груевски ја уништивте ВМРО-ДПМНЕ

Петровска: Будно се следи состојбата на јужната граница

Влатко Зорба