Политика

СДСМ: Додека Мицкоски тера политиканство, Владата се бори против коронавирусот

„Додека Христијан Мицкоски тера политиканство, Владата се бори против коронавирусот и донесе вистински мерки за сите!“, велат од СДСМ.

„Мерки вредни 200 милиони евра кои значат грижа за секој работник, за секој човек, за секое семејство, кои значат зачувување на работните места и гарантиран приход кај секој работник. Така постапуваат одговорни политичари.

Неодговорните како Мицкоски седат од страна и напаѓаат без аргументи, напразно, само политикански. Да сакаше да помогне Мицкоски ќе се откажеше од парите кои ги добива од граѓаните.

Мицкоски прво да каже како ќе ги врати милионските долгови што ВРМО-ДПМНЕ ги има, и што ќе прави со стечајот во неговата партија па после нека кажува мерки, ако ги има.

Нема да дозволиме татковината да падне во стечај како што посакува Мицкоски. Заедно со граѓаните ќе се справиме со коронависрусот и со економските последици“,посочуваат оттаму.

Поврзани вести

Северна Македонија го поздравува планот на претседателот Трамп за решавање на израелско – палестинскиот конфликт

Извлечени првите 15 добитници на 100 000 денари од наградната игра Мој ДДВ

Влатко Зорба

Пендаровски–Мета: Земјите од Западен Балкан да одржат Самит на кој ќе се дискутира за проширувањето во ЕУ

Maja_Serafimova

„Вашингтон пост“: Заев поднесе оставка изразувајќи разочараност и гнев од незапочнувањето на преговори со ЕУ

Бектеши: Мејловите што беа објавени во некои портали се стари, не е направена никаква штета

Шекеринска: Ако се залагаме за членство во НАТО, неопходно е прво да се донесе законот за одбрана

Влатко Зорба