Политика

СДСМ: Граѓаните ќе го казнат Мицкоски со нов изборен пораз

„ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои посветено работеа против интеграција во НАТО и ЕУ, против реформите и напредокот на државата. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените што се радува и аплаудираа на историската грешка на ЕУ, затоа што сакаат државата да ја вратат назад во изолација и неизвесност“, соопштуваат од СДСМ утрово.

„Без визија, без конкретна програма и цел, ВМРО-ДПМНЕ го очекува вистински дебакл на предвремените парламентарни избори. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се исплашија и побегнаа од брзи предвремени избори во декември. Коалицијата на Христијан Мицкоски го менува само името, а во суштина ништо не се менува. Тоа е Коалиција за обнова на режимот, на криминалот и изолацијата.

СДСМ и Коалицијата што ја предводи се фаворите на предвремените избори, на 12-ти април граѓаните ќе гласаат за напредок, за развој, за интеграција, на 12 април граѓаните ќе потврдат дека државата е на прав пат!“, се вели во утринското соопштение.

Поврзани вести

Заев: Ги видов аргументите на РКЕ, мислам дека не треба да се разрешуваат

Влатко Зорба

Граѓанска трибина на Македонски концепт: Идејата е нормална држава, стана претешко да се живее нормално

Влатко Зорба

ДС бара едукација на граѓаните наместо ригорозни мерки против коронавирусот

Влатко Зорба

Медиумите блиски до власта во поблага форма го пренесоа извештајот на Стејт Департментот, вели Мицкоски

Берта Китинска

Димитров: Г-ѓа Сиљановска дава еден вид обланда на нешто што е исклучително труло

Никола Поповски

Николовски: Се бориме со пандемија од коронавирус, но и со пандемијата на лажни вести од ВМРО-ДПМНЕ

Влатко Зорба