Политика

СДСМ: И во време на пандемија градиме по план, забрзано се реализираат капиталните инвестиции

Кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот не ги попречи капиталните инвестиции, туку напротив во целата државаа се гради со забрзано темпо и со почитување на сите протоколи за заштита.Целиот Коридор 8 се реконструира, патните правци се обновуваат и за една година граѓаните ќе добијат целосно обновена модерна патна мрежа со која нашата земја се поврзува со соседна Република Бугарија, соопшти СДСМ.

Според партијата, тоа ќе има позитивен ефект врз поврзувањето на граѓаните од двете земји и врз унапредување на трговските и економски релации помеѓу компаниите.

„Во источниот дел на земјата во тек е рехабилитација на патниот правец Крива Паланка-Ранковце, а Штип и Кочани се поврзуваат со брз и безбеден експресен пат со кој патувањето од Скопје до истокот на земјата се скратува за цели 30 минути. Граѓаните од целиот источен регион, Штип, Свети Николе, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Пробиштип, Злетово директно ќе почувствуваат придобивки од изградбата на овој експресен пат.

Воедно овој патен правец преку поврзувањето со автопатот Миладиновци-Штип е дел од Коридорот 8 и претставува безбедна и брза патна врска со Бугарија. Инвестициите во инфраструктурата се исклучително важни бидејќи отвараат нови работни места, ја движат економијата напред и со тоа го подобруваат животниот стандард на секој граѓанин.

Главниот фокус во работењето на СДСМ е изградба на квалитетна инфраструктура која ќе донесе долгорочни придобивки за развој на економијата и за сите граѓани во државата.Инвестициите во инфраструктурата и темпото на изградба уште позабрзано ќе продолжат по победата на СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ на изборите на 15 јули. Граѓаните знаат дека со СДСМ иднината е обезбедена и сигурна“, се вели во соопштението.

Поврзани вести

Партиите имаат право на тужби до Управниот суд за отфрлените приговори на ДИК

Клучна недела за евроинтегративниот процес на Северна Македонија

Влатко Зорба

Османи: Масовното тестирање не е прашање на ресурси, туку на стратегија

Влатко Зорба

Мицкоски: Се чувствува победата на ВМРО-ДПМНЕ

Заев: Со Законот за употреба на јазиците, никој не загуби ништо, а се доби само повеќе единство

Филипче: Не е точно дека сите хронично болни се враќаат на работа

Влатко Зорба