Политика

СДСМ ја демантира веста на Канал 5

СДСМ ја демантираше објавената вест од страна на Канал 5 телевизија, во која се тврди дека е договорен премиер по принципот три години Заев, една Зибери, а дека ДУИ ќе управува со УЈП и МВР.

„Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина. Исто така не е точно ниту тоа дека веќе се договорени било какви персонални решенија и поделби на ресори.

СДСМ им стои на располагање на медиумите, и очекува во духот на прифесионалното новинарство, за вакви прашања да побараат официјална потврда од партијата, или став, пред да биде објавена.

На овој начин се пласираат неточни информации во јавноста, а граѓаните се доведуваат во заблуда. СДСМ навремено ги информира граѓаните и доколку има договор тоа јавно ќе го соопшти“, се вели во демантот на партијата на Заев.

Поврзани вести

Дескоска: „Златната метла” е на вистинската адреса

Влатко Зорба

Заев: Доаѓа време на почитувње на правосудството и неселективно владеење на правот

Берта Китинска

Заев – Холштајн: СДСМ води сериозни разговори за формирање Влада

Берта Китинска

Жерновски: Би било добро ДУИ во своите редови да има министер Македонец

Влатко Зорба

Ципрас: Се надевам дека ЕУ набрзо ќе сфати дека направи историска грешка

user3

Собранието денеска ќе ја продолжи 130-та седница.

Никола Поповски