Политика

СДСМ ќе донесе милион Африканци до 2030 година, рече Димков од ВМРО-ДПМНЕ

„Сакам да споделам една информација, да ви кажам ексклузивно дека СДСМ сака да донесе еден милион Африканци во Македонија“.

Ова го изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков на вечерашната собраниска расправа за Законот за Јавно обвинителство.

Тој ја предупредува јавноста за оваа идеја на власта која, според него, планира да ја реализира како проект до 2030 година.

„Македонија тогаш ќе се вика Македонија Етиопија. Тоа е договорено до 2030 година да се направи. Сакам да ја предупредам македонската јавност и за ова да остане трага“, рече Димков.

Поврзани вести

Ангеловска-Галовеј: Билатерален договор за партнерство за да продолжи позитивниот тренд во размената меѓу двете земји

Влатко Зорба

Преку видео конференција ќе се одржи самитот на ЕУ на кој се очекува почеток на преговорите

Берта Китинска

Османи: Во наредните два дена се очекува на земјава да и биде доставен првиот нацрт

Заев вечерва на соочување на „Само интервју“, Мицковски ја одбил поканата

Заев: За тие што прават криминал, се знае каде им е местото (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Спасовски: Државата е осигурана, македонскиот јазик и идентитет признаени од светот