Политика

СДСМ: Медиумите на ВМРО-ДПМНЕ шират лажни вести, за нив не е важно здравјето на граѓаните, ниту нивната заштита

„Бескрупулозно и без никаква одговорност кон граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и нејзините медиуми – докажани произведувачи на лажни вести, ја лажат јавноста и ја злоупотребуваат ситуацијата со вирусот Ковид-19“, реагираат од партијата на власт.

„ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја манипулира и дрско ја лаже целата македонска јавност и повторно покажува дека нема ниту капацитет, ниту пак знае како да работи во интерес на граѓаните.

Единствено што знае ВМРО-ДПМНЕ е да работи на штета на граѓаните, а во интерес на функционерите од оваа партија и нивните џебови.

За ВМРО-ДПМНЕ не е важно ниту здравјето на граѓаните, ниту нивната заштита.

Тоа го докажаа во периодот од 11 години режим, кога здравствениот систем целосно го колабираа и уништија.

Лажни се вестите дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и координации, а уште поголема лага е дека присуствувала на свадбената веселба на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Апелираме, јавноста и граѓаните да не подлегнуваат на лажни вести и целосно да се информираат исклучиво преку Министерството за здравство и министерот Филипче, кој редовно и темелно известува за состојбата со вирусот Ковид-19.

Институциите прават сѐ и се подготвени да се справат со опасноста од ширење на вирусот“, посочуваат оттаму.

Поврзани вести

Финска со компромис до Франција за започнување преговори со Северна Македонија

user3

Кабинетот на Пендаровски упати извинување за погрешно поставување на црногорското знаме

Влатко Зорба

Шахпаска: Оперативниот план за вработување со буџет од 1,45 милијарди денари опфаќа над 11.500 лица

Мицкоски по повод 23 октомври: Македонија ја чекаат предизвици, но и подобри времиња

Влатко Зорба

Активистот Јасмин Реџепи ќе поднесе тужба против Љупчо Златев за лажното обвинување за тероризам

Могерини и лидерите на Западен Балкан изразија жалење поради блокадата на С. Македонија и Албанија

user3