Политика

СДСМ: Мизрахи лаже дека немало нова табла во Министерството за труд и социјална политика

Граѓаните на дело гледаат што значи враќањето назад за кое со години зборува извршителот на Никола Груевски и заштитник на неговиот криминал, Христијан Мицкоски.

Послушничката на Христијан Мицкоски и кадарот на Груевски Рашела Мизрахи не само што го крши Уставот и го загрозува членството во НАТО и ЕУ туку и дрско лаже.

Мизрахи лаже дека немало нова табла во Министерството за труд и социјална политика. До доаѓањето на Мизрахи во Министерството се почитуваа уставот, законите и уставното име на државата.

Таа по налог на Мицкоски и Груевски свесно го прекршува Уставот, го загрозува членството во НАТО и ЕУ ризикува враќање на кавгите со соседите и нови блокади.

Тоа е единствена цел на извршителот Мицкоски, државата да се врати во изолација, во режим, да биде надовр од НАТО и ЕУ.

Мандатот на Мизрахи во преодната Влада е да внимава да нема злоупотреби во нејзиниот ресор со цел да се одржат фер, слободни и демократски избори, а не е да исполнува агенди и нарачки на Мицкоски и Груевски кои се насочени против ЕУ и НАТО.

Граѓаните, јавноста, демократските сили, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да ја врати државата во темното минато, во изолација, криминал, надвор од ЕУ и НАТО.

Затоа на 12 април ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш ќе бидат казнети, а нивните погубни политики повторно ќе бидат поразени, велат од СДСМ.

Поврзани вести

Денеска лидерска средба кај Спасовски

СДСМ: Мицкоски, време е да го исполниш ветувањето за оставка

Никола Поповски

Николов, кандидатот за градоначалник на Штип: Изборите ќе се изведат со целосно почитување на мерките

Берта Китинска

ДИК гo објави конечниот распоред на мандати: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА-ААА 12, Левица 2 и ДПА еден пратенички мандат

Никола Поповски

Заев: Ние имавме храброст и носевме одлуки, не калкулиравме со личниот и партискиот рејтинг

Заев: На изборите во април ќе победиме со разлика од 60.000 до 120.000 илјади гласови

Влатко Зорба