Политика

СДСМ: Мизрахи не е никаква жртва

„Техничката министерка Рашела Мизрахи крши Устав и работи на штета на граѓаните. Значи за неа не постои Устав, не постојат граѓаните, не постои интересот на државата“, велат од СДСМ.

„Мизрахи не го користи мандатот за спроведување на изборниот процес, ниту за да им помогне на граѓаните. Таа, мандатот во техничката влада го користи само за исполнување на нарачките на извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски.

Со непочитување на Договорот од Преспа извршителот Мицкоски преку Мизрахи ги загрозува евроинтеграциите, членството во НАТО и ЕУ.

За кршење на Уставот следува одговороност, Мизрахи не е никаква жртва.

Техничката министерка за труд и социјална политика од ВМРО- ДПМНЕ, Рашела Мизрахи го одби предлогот да се зголеми опфатот на стечајни работници кои ќе добиваат месечен надомест до пензионирање.

Таа функцијата ја злоупотребува само за партиски цели, за извршување на нарачките на Христијан Мицкоски и Никола Груевски.

Освен функцијата, Мизрахи злоупотреби дури и службено возило во партиски цели.

Оттука, очекуваме Собранието уште на првата наредна седница да ја разреши Мизрахи од функцијата техничка министерка за труд и социјална политика“, посочуваат во соопштението од партијата на Заев.

Поврзани вести

Заев до Мизрахи: Времето на лажни патриоти заврши

Александар Петровски

Заев со порака до европските лидери: Не бидете наша пречка, бидете наши херои

user5

Николовски: Се бориме со пандемија од коронавирус, но и со пандемијата на лажни вести од ВМРО-ДПМНЕ

Влатко Зорба

Хан: Ова претставува екстремно разочарување, ризик од дестабилизација со импакт врз ЕУ

user3

Пендаровски: Сите ресурси на државата се преориентирани за борба против ова големо зло

Влатко Зорба

Столтенберг: Северна Македонија доби поддршка од земјите сојузнички на НАТО

Влатко Зорба