Политика

СДСМ: Платежни картички со 6.000 денари за 283.000 граѓани

Владата предводена од СДСМ го претстави четвриот пакет, составен од 31 мерка, со кои 470 милиони евра се наменуваат за помош на бизнисот и граѓаните за излез од кризата предизвиканата од пандемијата со коронавирусот, посочуваат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека пакетот предвидува продолжување на субвенционирањето на плата во износ од 14.500 до 21.776 денари по вработен за з октомври, ноември и декември.

“Оваа мерка е наменета за сите фирми, трговци поединци, земјоделци, занаетчии и лица што вршат други услуги.Платежни картички со 6.000 денари ќе добијат над 283.000 граѓани за поттикнување на потрошувачката и домашната економија.Предвидени се нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка на Република Северна Македонија, зголемување на грејс периодот за бескаматните кредити од линијата Ковид-1, како и дополнително одложување на отплата на кредити за компании, до крајот на годината.

Во четвртиот пакет мерки особено внимание е посветено на туристичкиот и угостителскиот и транспортниот сектор, и меѓудругото предвидува неповратна помош за туристички агенции, за ресторани за свадби и за игротеки.

Во пакетот се предвидени и мерки за поддршка на човечкиот капитал, за општините, а Викендот без ДДВ ќе се одржи за време на продолжениот викенд 10-11-12 октомври.Со четвртиот пакет мерки се очекува да бидат опфатени над 600 илјади граѓани.Претходните три антикризни пакети реализирани од Владата предводена од СДСМ спасија стотици илјади работни места и обезбедија помош за десетици илјади компании.

Само преку мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, со 79,5 милиони евра поддржани се околу 120.000 вработени граѓани и околу 20.000 компании.Преку кредитните линии Ковид-1 и Ковид -2 во стопанството беа инјектирани 13 милиони евра за 1376 компании со близу 18.000 вработени26,8 милиони евра завршија кај 309.000 граѓани кои добија платежни картички преку мерката „купувам домашно“, а преку мерката „Дома си е дома“, беа доделени ваучери за туризам на 117.000 граѓани во висина од 12 милиони евра.Вредноста на првите три пакети економски мерки, изнесуваше 550 милиони евра.Со четвртиот пакет продолжуваме со сеопфатна помош за граѓаните и за економијата“, велат од СДСМ.

Поврзани вести

Мизрахи: Дали со воведување на прв вицепремиер гледаме двојност во премиерската функција

Александар Петровски

Заев на средба со Чакај: На регионот му се потребни стабилност и засилен економски развој

Влатко Зорба

Спасовски од Женева: Достигнувањето на целите утврдени во Глобалниот пакт за бегалци е обврска на целокупната меѓународна заедница

Влатко Зорба

Калајџиев за „Детектор“: Очигледно е дека „Рекет“ се развлекува

Влатко Зорба

Дескоска: Праведно е да се отворат преговорите – од заробена, станавме држава со чиста препорака

Влатко Зорба

Почитта кон мојот народ секој ден е изразена во пракса, вели Заев