Политика

СДСМ: Продолжуваме со разговорите за формирање стабилно парламентарно мнозинство

СДСМ ги продолжува сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат, информираат од партијата.

Оттаму велат дека новата влада ќе работи на уште поголема грижа за сите, на јакнење на економскиот стандард, на прочистување на правосудството и обезбедување силна правна држава и владеење на правото.

„Новото парламентарно мнозинство ќе обезбеди стабилна Влада која движи брзо напред по европскиот пат, Влада посветена на економијата, правдата и борбата со Ковид-19. Влада која ги отвора преговорите за членство со Европската Унија и Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот.

Како одговорна партија СДСМ води разговори за пронаоѓање на одговорни кадровски решенија кои се способни посветено и одговорно да работат на остварување на овие принципи кои се во интерес на граѓаните и државата“, велат од СДСМ.

Поврзани вести

Европските интеграции на земјава во фокусот на разговорите на средбата што ја имаа Османи и Димитров со де Моншален

Stefanija Kuzmanovska

Милошоски на „Топ Тема“: Ако не добиеме датум, Заев и Димитров да поднесат оставки до Собранието

Влатко Зорба

Спасовски: Сите да се посветиме да го намалиме бројот на новозаразени

Влатко Зорба

Кои се носителите на СДСМ: Николовски и Шахпаска во тројката, Касами во шестката

Димитров-Рот: За германското претседателство останува приоритет Северна Македонија

Александар Петровски

Заев-Вархеји: Ја очекуваме новата методологија и веруваме дека таа ќе има фер пристап