Политика

СДСМ: Создаваме нова влада која ќе им служи на граѓаните со сите капацитети

СДСМ денеска преку соопштение информира дека ги продолжува разговорите за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат.

Оттаму велат дека посветено ги водат преговорите за просперитет и долгорочна стабилност на Северна Македонија и додаваат дека е јасно оти државата нема друга алтернатива за интеграција, освен членството во НАТО и во Европската Унија.

„Во разговорите со политичката партија ДУИ целосно сме согласни за почитување на Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор.

Посветени сме на социјална кохезија, силно и толерантно општество, владеење на правото и согласни сме да се спротивставиме на сите форми на национализам и омраза. Разговаравме дека евентуалната заедничка владина програма мора да биде во согласност со Уставот, законите и изборните програми на СДСМ и ДУИ“, се вели во соопштението од партијата.

Од СДСМ велат дека се неопходни квалитетни, одговорни и отчетни кадри предложени за сите ресори од двете страни, кадри кои, како што потенцираат, се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципите на евентуалниот коалициски договор.

„Партиите се согласни на прочистување на правосудството и на проверка на потеклото на пари и капитал кај секој функционер, по пат на систем што заеднички ќе биде договорен, се наведува во соопштението и се додава дека разговорите за ново парламентарно мнозинство продолжуваат, заради тоа што е потребно стабилно мнозинство во Собранието кое ќе обезбеди формирање нова одговорна Влада“, велат од СДСМ.

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски соочен со разочараноста на СДСМ, кампањата ја пренасочи на средби со градоначалниците од својата партија

Филипче: Измените на Законот за контрола на опојни дроги ќе овозможи подобра контрола и повеќе вработувања во оваа сфера

Состојбата со коронавирусот се влошува, вели Филипче

Влатко Зорба

Интегра од Куманово: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја опустошија Македонија во последните 30 години

СДСМ: Ќе го зголемиме опфатот на приматели на социјална помош на 34.000 домаќинства

Влатко Зорба

Спасовски за „Политика“: Ќе ги оставиме и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се самообноват во опозиција