Политика

СДСМ: Создаваме ново парламентарно мнозинство ослободено од национализам

Во тек е процес на создавање нова Влада ослободенa од каков било вид на национализам, соопштија од СДСМ.

Оттаму в повторуваат дека продолжуваат со разговори за создавање стабилно парламентарно мнозинство со полн четиригодишен мандат.

„СДСМ ги продолжува сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат. На 15 јули граѓаните покажаа дека национализмот е поразен. Во тек е процес на создавање нова Влада ослободенa од каков било вид на национализам, Влада која уште повеќе ќе работи на унапредување на концептот едно општество за сите. Новата Влада предводена од СДСМ ќе движи силно напред по патот на интеграција во ЕУ со целосно почитување на Договорот од Преспа, Договорот со Бугарија и Рамковниот договор. Граѓаните преку својата избирачка волја тоа го побараа и тоа ќе го испорачаме во следниот четиригодишен мандат. Продолжуваме уште повеќе и уште подобро да работиме за граѓаните и државата“, велат од партијата.

Поврзани вести

Муслиу за РСЕ: Сите тајни за „Диво насеље“ не се закопани со смртта на водачите на групата (ВИДЕО)

Влатко Зорба

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема капацитет да ги запре негативните политики

Влатко Зорба

Јовановски: 12 години проекти беа ветувани, а ништо не се сработи

Влатко Зорба

Лукаревска: Ова е прва собраниска дебата за избор на нова Влада во која нашата држава е членка на НАТО и започнува преговори со ЕУ

Заев: Северна Македонија ќе испорача уште повеќе аргументи одложената позитивна одлука за преговори да дојде колку што е можно поскоро

Никола Поповски

Денешната владина седница во Штип

Stefanija Kuzmanovska