Политика

СДСМ својот претседател ќе го бира на директни внатрепартиски избори

Партијата станува се повеќе транспарентна, се поблиска до членството и граѓаните. Во таа насока се и новите предлог статутарни измени кои денеска се пред вас почитувани делегати. Сакаме да обезбедиме уште поголема демократизација, уште поголема инклузивност и нова, позитивна трансформација на функционирањето на органите на СДСМ, соопшти премиерот Зоран Заев.

СДСМ е првата партија во нашата држава која на следниот Конгрес својот претседател ќе го бира на директни внатрепартиски избори, непосредно, секој член ќе може да гласа и дирекнто да одлучува кој и како ќе ја води партијата, посочи тој.

Првите вакви избори е планирано да се одржат веќе следната година, кога истекува мандатот на ова раководство.

Поврзани вести

Богојески: Компромисот со криминалот не носи далеку од ЕУ

Влатко Зорба

БИРН: СДСМ победи во Твитер војната на изборите

Берта Китинска

Шахпаска: Современа инфраструктура за современа држава

Заев: Градиме цврсти релации со соседите, со земјите од Западен Балкан и Европа

Берта Китинска

66 милиони за С. Македонија од ЕК во борбата против коронавирусот

Џaфери: Утре ќе се бира нов претседател на Собранието

Никола Поповски