Политика

СДСМ: Владата донесе сериозни економски мерки со кои ќе ги спасува работните места

Владата на Република Северна Македонија го донесе вториот пакет економски мерки кои имаат за цел побрзо и поефикасно справување со економските последици од коронавирусот, велат од СДСМ.

Тие напоменуваат дека се преземени сериозни чекори кои значат зачувување на работните места за сите погодени од кризата со коронавирусот.

-Мерки што значат гарантиран приход кај секој работник додека трае кризата.Ова се мерки вредни 200 милиони евра, мерки на солидарност, на меѓусебно помагање во тешки ситуации, мерки за помош на секое семејство, мерки за помали трошоци на секое домаќинство додека трае кризата. Денес, сите поединци, целото нашето општество, нашата економија, сите се ставен пред важен тест кој ќе го положиме само ако сме солидарни, ако си помагаме еден на друг.Само така ќе излеземе победници од овој здравствен и економски предизвик. Сите сме заедно во оваа криза и само заедно ќе излеземе од неа. Заедно ќе ги пребродиме последиците, а потоа заедно ќе продолжиме кон развојот и напредокот. Најбитно е да се обезбеди и зачува здравјето на секој граѓанин, да се надмине здравствената криза, но важно е истовремено да се работи и на надминување на негативните економски последици за да продолжи економскиот раст и развој, велат од партијата.

Поврзани вести

СДСМ: Еден денар не донираше ВМРО-ДПМНЕ за справување со последиците од коронавирусот

Усвоени измените на Законот за евиденциите од областа на трудот

Stefanija Kuzmanovska

Спасовски: Сензационализмот не е основа за водење на истраги и спроведување на акции

Влатко Зорба

Клучните почетоци на сите постапки во борбата против криминалот и корупцијата треба да почнат од Јавното обвинителство

Влатко Зорба

Нуредини-Димитров: Зајакнување на контролата на прекуграничното движење на отпадот

„Ел Чека“ со нови бомби: Која е улогата на Реџепи и неговиот син во убиството на Алиу

Влатко Зорба