Политика

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е единствениот политички субјект што не знае дека во светот со месеци се случуваат здравствена и економска криза

„ВМРО-ДПМНЕ е партијата симбол на расипништво и криминално трошење на парите на граѓаните, партија која заради криминални интереси тројно го зголеми јавниот долг финансирајќи непродуктивни трошоци за богатење на поединци. Денес, ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ најверојатно е единствениот политички субјект што не знае дека во светот со месеци се случуваат здравствена и економска криза поради коронавирусот“, реагираат од СДСМ.

„Како и сите други држави погодени од кризата така и Северна Македонија мораше да обезбеди капитал однадвор за полесно справување со последиците од кризата, за да се обезбеди ликвидност во време на светска пандемија и за да се направи фискален простор за дејствување и преземање на антикризни мерки.

Лицемерието и несериозноста на ВМРО-ДПМНЕ се дотолку поголеми ако се знае, дека и еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монтерен фонд се земени со потпис од дополнителната заменичка министерка за финансии, Гордана Димитриоска Кочоска кадар токму на ВМРО-ДПМНЕ, а намената на овие средства е строго утврдена.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија нема ниту желба ниту волја да се реформира. Последен доказ за тоа е денешниот настап на Анастасија Илиеска, една од многу партиски функционерки на ВМРО-ДПМНЕ која е симбол на непотизам. Со таквиот потценувачки однос кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ уште долго останува во опозиција“, велат оттаму.

Поврзани вести

ГАЛЕРИЈА: Заев го доби мандатот, за рок од 20 дена треба да состави Влада

Берта Китинска

Ахмети: Првиот Албански премиер ќе биде премиер на сите

МВР: Комисија разгледала 77 барања од граѓани за издавање пасоши

Димитров: За нас прашањето за македонскиот јазик е затворено и кај нас и во светот

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

Влатко Зорба

Кој е Сашко Николов, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип?

Берта Китинска