Политика

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е очајна и штанца лаги, дезинформации и конструкции

„Очајната ВМРО-ДПМНЕ ја прими пораката од над 15.000 граѓани вечерва и затоа е во паника, шири лажни вести преку човек кој изгубил на суд за изречена клевета. Прес конференцијата на Александар Николоски е уште еден доказ за очајот од поразот на извршителот Христијан Мицкоски кој не успеа да го одбрани криминалот на Никола Груевски. Денеска ВМРО-ДПМНЕ ја доби пораката од граѓаните кои се заложија за правда и одговорност за криминалите и затоа се во паника“, се вели во реакцијата на СДСМ на пресот на потпретседателот на опозициската партија.

„Знаат во белиот дворец што ги чека, одговорност за нивниот криминал, за сето зло што го направија и нов пораз. Силен пораз, не на 12 април, уште денеска во ВМРО-ДПМНЕ знаат дека се веќе готови и ќе одговараат, тоа е комбинацијата којашто ги толчи.

СДСМ работи а ВМРО-ДПМНЕ шири лаги.

СДСМ носи закони за граѓаните, покачува плати, пензии, социјална помош, носи правда, членство во НАТО, на чекор сме до ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ е очајна и штанца лаги, дезинформации и конструкции, прво преку нивните медиуми а после и на прес конференции, кои немаат врска со реалноста, но со најниски напади, на семејството на претседателот Заев.

Затоа и го праќаат на прес-конференција Николовски, кој веќе изгуби на суд за изречена клевета.

Не ВМРО-ДПМНЕ, ние бараме се што повикуваат веднаш да се објави јавно и транспарентно. Да ги видат граѓаните и уште еднаш пред целата јавност да се потврдат лагите на оваа очајна партија.

Како што ќе се доближува 12 април и поразот на ВМРО-ДПМНЕ толку ќе бидат стравот и паниката кај извршителот Мицкоски, а лажните вести од белиот дворец ќе станат се поинтензивни.

Но тоа е ваш проблем, ние продолжуваме напред, тие еден чекор назад, ние три чекори напред!

Следува одговорност за сите што направиле зло, како и за оној ваш бегалец од Будимпешта, заради сите граѓани на Северна Македонија на кои им уништивте, им одземавте 11 години од нивните животи“, додаваат оттаму.

Поврзани вести

Заев: Да ни кажеа пред да го направиме Преспанскиот Договор, тука е неправдата која ни е нанесена

user3

Заев за „мини шенген“: Додека станеме Европејци да сработиме и нешто сами

Влатко Зорба

ВМРО-ДПМНЕ: Заев нема да го спаси ниту Јовевски ниту, ниту Русковска

Никола Поповски

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Јовче Ременски сакал да се заканува со документите?

„Отворени финансии“: Над 150 илјади евра исплатени на Јанева плус од платата

Влатко Зорба

Таравари предлага Градската куќа да биде институција за престој на деца со посебни потреби

Влатко Зорба