Политика

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е симбол на режим, политички терор и реваншизам

Вечерва се случи уште едно фијаско на губитникот Христијан Мицкоски и неговите приврзаници во обид да го одбранат криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на СДСм по повод  денешниот протест  на опозицијата.

„Исплашени од одговорност и неселективното владеење на правото Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш застанаа зад неправдата и криминалот.Вечерва нервозниот Мицкоски и неговите приврзаници застанаа зад насилниците кои на 27 април се обидоа да убиваат пратеници во Собранието, застанаа зад осудени криминалци и извршители на Никола Груевски, како Гордана Јанкуловска.

Оттаму додаваат дека ако навистина е за правда и владеење на правото, Мицкоски требал да се повика на своите соработници против кои се водат предмети и истраги.

„Нема поголемо лицемерие од тоа Мицкоски да зборува за слободата на медиумите кога токму неговата партија апсеше и затвораше новинари, вршеше упади во медиуми и системски корумпираше медиуми.

Нема поголемо лицемерие тој да зборува за притисоци врз администрацијата кога токму ВМРО-ДПМНЕ 11 години вршеше невидени притисоци врз вработени во јавната администрација.

Мицкоски е неуспешен бранител на криминалот и неправдите, ВМРО-ДПМНЕ е симбол на режим, на политички терор, реваншизам и „Сваровски“ судство. Граѓаните тоа многу добро го знаат и затоа му испорачаа три силни порази на изборите на Мицкоски и криминалците од ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски останува на страната на неправдата и затоа останува во опозиција уште долго време“, велат од СДСМ.

Поврзани вести

Кузеска: Мицкоски си мислел дека МВР е МВРО-ВМРО, па се јавувал во внатрешна контрола да врши притисок (ВИДЕО)

Заев му заблагодари на шпанскиот премиер Санчез за изразената поддршка

Европските интеграции на земјава во фокусот на разговорите на средбата што ја имаа Османи и Димитров со де Моншален

Stefanija Kuzmanovska

Ципрас на средба со Туск, ја истакнал важноста за почнување преговори со Северна Македонија

Влатко Зорба

Спасовски: Оние кои што останаа закопани и заробени во минатото, сега почнаа да не доаѓаат на дебати

Никола Поповски

ДУИ: Албанската опозиција јавно вети дека ќе поднесе оставка за поразот на изборите

Никола Поповски