Политика

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги слават насилниците и промовираат насилство

„Додека граѓаните, јавноста со гнев се сеќаваат и ги осудуваат насилствата од 27 април, носителите на ВМРО-ДПМНЕ ги слават насилниците и промовираат насилство“, реагираат од СДСМ.

„Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, ако пред три години оваа партија од позиција на режим организираше насилен упад во Собранието кога беше извршен обид за убиство на пратеници, денес носители на пратенички листи од оваа партија јавно бранат насилници и се закануваат со нови насилства.

Носителката на ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица, Дафина Стојаноска, инаку кадар на Никола Груевски застана јавно во одбрана на насилниците кои организирано упаднаа во Собранието и кои сакаа да убијат пратеници и новинари.

Носителот во петтата изборна единица Игор Дурловски кој заедно со толпата влезе во Собранието, денеска, ги оправдува оние со кои упадна во Собранието и најавува нови битки.

Ваквите ставови на високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ само покажуваат дека партијата предводена од Мицкоски не само што не се оградува од насилството од 27 април, туку напротив, тие ги слават насилниците и сакаат пак да го вратат насилството.

И по три години од најцрниот датум за нашата демократија, ВМРО-ДПМНЕ останува во истата насилничка матрица и натаму шири омраза, поделби и конфликти.

Граѓаните го препознаваат ваквото насилничко и деструктивно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и затоа никогаш повеќе нема да дозволат враќање на режимот кој со години ја имаше заробено државата“, се додава во реакцијата.

Поврзани вести

Клековски: Со став против Преспанскиот договор ВМРО-ДПМНЕ ќе победат на избори, ама нема да можат да владеат

Влатко Зорба

Обвинувања за опструкции и партиско делување во првите денови на техничката Влада

Иницијативен одбор за конгрес: Мицкоски е само лош глумец чија суета ја турка ВМРО-ДПМНЕ во пропаст

Александар Петровски

Изборната кампања почнува на 24 јуни, се подготвуваат комплетни мерки за заштита од Ковид-19

Костадинов: „Домаќинот“ на забавата во Куклица сликан во пријателска атмосфера со Мицкоски и Јанушев (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Пендаровски во Москва на одбележувањето на Денот на победата

Влатко Зорба