Политика

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со лаги и манипулации ја покриваат својата безидејност и неспособност

„Лаги, манипулации, неосновани обвинувања и ширење страв и паника се единствените политики на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваат утрово од СДСМ.

„Во овој тежок период за сите граѓани, ВМРО ДПМНЕ единствено што знае да прави е да смислува деструктивни сценарија против доктори, против министри и други кои директно се вложуваат во решавање на кризата и прават се за да го заштитат здравјето на граѓаните.

Деманти добиваат од сите страни, граѓаните ги препознаваат нивните лаги, ООН ги демантира и ги обвинува дека лажат, а тие и понатаму со лажни вести сакаат да ја прикријат својата неспособност и безидејност.

Во обид да го минимизираат успехот на државата, деновиве ВМРО ДПМНЕ ги таргетираше двете министерства клучни во макотрпната работа за денес нашата земја да биде членка на НАТО и да отпочне преговори со Европската Унија, а сега и клучни министерства во борбата против коронавирусот.

Со нивната смислена пропаганда отидоа до таму што сакаа граѓаните да им поверуваат дека двајцата министри, Радмила Шекеринска и Никола Димитров трошеле пари на патувања во време на светска пандемија и затворен аеродром.

Но, ВМРО ДПМНЕ забораваат дека Владата предводена од СДСМ сите трошоци на министрите јавно ги објавува, за разлика од нивната Влада која ги направи класифицирани и тие беа најголема тајна за граѓаните.

На ВМРО ДПМНЕ, на сеачите на страв и паника, ништо не им успева! Тие се поразени!

Граѓаните ги препознаваат нивните лаги и им свртеа грб на лажните вести. Денес, точните информации се шират побрзо и помасовно од било кога досега!

Граѓаните им веруваат на институциите и вистината ја споделуваат од човек на човек, на социјалните медиуми и им даваат целосна поддршка на институциите кои се транспаренти и имаат постојана комуникација со јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ се осамени во своите лаги, во обидите да профитираат политички во оваа криза“, се додава во соопштението.

Поврзани вести

Заев, Мицкоски и Ахмети на средба во Владата

Никола Поповски

Страшевски: Конечно во Македонија завладеа правото

Влатко Зорба

Сијарто: Ќе се обидеме најбрзо да ја затвориме рамката за преговорите и најдоцна во јуни да започнеме со преговори

Берта Китинска

ДИК ја усвои програмата за задолжителна едукација на ОИК и ИО

Влатко Зорба

Димовски: ВМРО-ДПМНЕ е да се врати мнозинскиот изборен систем од 120 изборни единици

Влатко Зорба

Пендаровски во Белград на средба со Вучиќ

Влатко Зорба