Политика

Села бара разбирање од Хоти: Одлуката за ПЦР тестовите е политички мотивирана

Претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села бара разбирање од косовскиот премиер, Авдалах Хоти за владината одлука од македонска страна според која државјаните на Косово при влез во земјава треба да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Како што наведува Села во објавата на Твитер, овие мерки се политички мотивирани поради стравувањата од изборите на 15 јули.

– Мерките што ги спроведува Владата на Северна Македонија против граѓаните на Косово на заедничките гранични премини се корона политика мотивирана од стравот од изборите. Го молам премиерот Авдулах Хоти за разбирање и за непреземање слични мерки против граѓаните на Северна Македонија зашто со тоа би се казниле граѓаните на двете држави, особено иселениците, кои се соединуваат со своите семејства во овој момент. По 15 јули ваквите пречки меѓу двете земји ќе се бидат во историјата, пишува Села на Твитер.

На 26 јуни земјава ги отвори границите без ПЦР тест за КОВИД-19 и за 14-дневна изолација, но поради ситуацијата, од вчера стапи во сила владина одлука со која се бара државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ при влез во земјава да приложат негативен PCR тест не постар од 72 часа. Како што објасни министерот за здравство, Венко Филипче оваа мерка е донесена согласно сознанијата за корона ситуацијата кај овие земји и со цел заштита на нашите граѓани. Алијанса за Албанците – Алтернатива, пак, во денешното соопштение во врска со Твитер објавата на Села, истакнува дека причината е силната поддршка на коалицијата за претстојните избори.

– По силната политичка поддршка што дојде од Приштина за коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива и која се очекуваше да кулминира во текот на последните денови од кампањата, Владата на Северна Македонија ги врати мерките за негативен ПЦР тест за граѓаните на Република Косово и некои други соседни земји со сомнителни епидемиолошки оправдувања, стои во соопштението.

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ го повика Заев да се изјасни за предлогот на Мицкоски

Влатко Зорба

Спасовски: Избришани се 10 милиони евра долгови на граѓаните

Франција го ратификуваше протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Влатко Зорба

Јовановски: 12 години проекти беа ветувани, а ништо не се сработи

Влатко Зорба

Царовска го демантира Боки 13, најавува тужба

Влатко Зорба

Меџити: Албанскиот преставник во Владата го определува волјата на Албанците, а не волјата на сојузите и канцелариите

Влатко Зорба