Политика

Сервер: Од С.Македонија ќе зависи кога ќе стане полноправна членка

Датумот за почеток на пристапните преговори со ЕУ Северна Македонија требаше да го добие многу порано, но „многу подобро подоцна отколку никогаш“, изјави за МИА Даниел Сервер, експерт за Балканот, кој предава напредни меѓународни студии во реномиранот вашингтонски универзитет „Џон Хопкинс“.

На прашање кога тој очекува земјата да стане полноправна членка на ЕУ, одговори дека тоа целосно зависи од Скопје.

-Претстои многу работа, да се испреговараат, применат и имплементираат акиата (aquis communautaire). Северна Македонија се покажа добра во пишување на законите, но заостанува во имплементацијата, изјави тој.

Смета дека за да се исполнат сите овие задачи, ќе бидат потребни повеќе години.

Тој смета дека и покрај тоа што Брисел даде зелено светло за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, Русија и понатаму ќе продолжи со кампањата на наметнување свое влијание во регионот.

Руското влијание во регионот се засили откако Црна Гора и Србија ги започнаа преговорите за членство со ЕУ, првата во 2012 година, втората во 2014 година, а Сервер се надева дека со даденото зелено светло за преговори со Македонија и Албанија, ЕУ ќе ги засили напорите да се наметне како клучен фактор во регионот.

-Но Русија ќе продолжи да прави се што е во нејзина моќ да создава пречки и конфузија, изјави тој.

Поврзани вести

Амели де Моншалан: Не доделувањетоо на датум не значи негативна одлука

user4

Аерозагадувањето во Куманово ќе се решава со инвертер-клими

user3

СДСМ ќе донесе милион Африканци до 2030 година, рече Димков од ВМРО-ДПМНЕ

Влатко Зорба

Заев: Младите треба да се двигатели на промените, не може да чекаме некој друг да ни помогне

Влатко Зорба

(ВО ЖИВО) Прес-конференција на Заев и Шекеринска за родова еднаквост

Влатко Зорба

Царовска од Штип: Социјалната реформа обезбеди подобар живот на 300 илјади семејства, обезбедуваме дом за секое дете

Влатко Зорба