Политика

Шахпаска: Родителите на деца до 6 години и оние кои користат продолжено породилно да се вратат на работа

По консултација со Претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за здравство др. Венко Филипче ги информираме родителите кои користат продолжено породилно боледување да се вратат на работа согласно владината одлука донесена на 14 септември оваа година, родителите на децата до шест години да се вратат на работа од 23 септември, соопшти Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

„Еден месец продолжување на породилното боледување не менува ништо. Како Влада, но и како Министерство, создадовме услови за безбедно сместување на децата во градинките согласно здравствените протоколи. Со нивно почитување ризикот за инфекција со Ковид-19 е сведена на минимум.

Истовремено ги информираме родителите кои ги изгубиле своите работни места поради продолженото породилно боледување, дека со четвртиот пакет на економски мерки, коишто беа презентирани денеска, се предвидува поддршка за компаниите кои го задржале истиот број на вработени од 31 јули оваа година. Тоа значи дека на компаниите им одговара оваа мерка.

Живееме во време на пандемија која бара општествена одговорност од секој од нас како поединец и граѓанин на оваа држава“, вели Шахпаска.

Поврзани вести

МНР упати извинување до српските власти за грешката со поштенската марка

Заев: Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени од целиот свет

Влатко Зорба

Заев: ВМРО-ДПМНЕ ќе добие пријави бидејќи предвреме ја почна кампањата

ГАЛЕРИЈА: ВМРО-ДПМНЕ маршираше во Скопје и побара правда

Влатко Зорба

Шахпаска: „Можеме“ е за раст на плати, социјални трансфери, грижа за сите граѓани

Заев: На овие избори влегуваме како фаворити

Влатко Зорба