Политика

Шекеринска: Зачленувањето во НАТО е наш подарок кон граѓаните

Вработените во одбраната и Армијата на Република Северна Македонија се дел од генерацијата која го удри печатот на НАТО. Од денес сме сојузници со армиите на САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија, сојузници со армиите на нашите поблиски и подалечни соседи, Грција, Албанија, Бугарија, Хрватска, Словенија и Црна Гора.

Ова денеска преку видео – порака до сите припадници на Армијата и на вработените во Министерството за одбрана, им го порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска по повод депонирањето на Инструментот за пристапување во НАТО во Вашингтон, со што и официјално нашата земја станува 30. полноправна членка на Алијансата.

-Денес сме победници, од денес сме НАТО. Членка на најмоќниот сојуз, на најбројната Алијанса. Зачленувањето во НАТО е наш подарок кон граѓаните, кон татковината, истакна Шекеринска.

Обраќајќи им се на сите старешините и цивилите во Армијата, но особено на војниците кои деновиве се на терен извршувајќи задачи во поддршка на граѓаните и заштитата на нивното здравје им порача дека верува во нив и нивните капацитети и дека нема сомнеж дека сите предизвици, сите задачи ќе бидат совладани.

Поврзани вести

Мицкоски: Сакаме избори летово кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните

Шест милиони денари за помош во Австралија, одлучи Владата

Влатко Зорба

Заев: Акцијата за чистење да биде поттик да ја подигнеме нашата еко свест

Влатко Зорба

Петров: Висината на акцизата ќе биде условена од цената на нафтата на светските берза (ВИДЕО)

Берта Китинска

Заев на бесилка: Членови на ВМРО-ДПМНЕ со жесток говор на омраза (ФОТО)

Влатко Зорба

Билд: ЕУ се соочува со можноста да го изгуби својот кредибилитет на Балканот

Влатко Зорба