Политика

Шилегов за фалсификуваниот документ: Идиотизмот на примитивците со промашени животи нема крај

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов упати повик до МВР да ги пронајде виновниците за фалсификуваниот документ од Град Скопје, во кој пишува дека тој препорачува да се пие ракија против корона вирусот.

„Идиотизмот на примитивците со промашени животи нема крај. МВР, за фалсификатов и ширењето на лажни вести, да си постапи согласно препораките на Владата на РСМ. Политикантството и обидите за добивање на ефтини политички поени е нешто што не смее да се дозволи.

Апелирам до сите, да не си играат со чуствата на граѓаните. За животи и здравје на нашите (Вашите) најблиски се работи. Да го сопреме лудилото заедно.

П.С. Јас, немам проблем со Вас, бедници. Очигледно, Вие имате проблем со мене. И планирам уште долго да го имате. Само продолжете. Вашите несреќни животи ќе останат со Вас. Не со мене !!“, пишува Шилегов

Поврзани вести

Сугарески: Нови категории граѓани ќе можат да аплицираат за социјален стан во Гостивар

Влатко Зорба

Небиу: Нереално е ВМРО да добие 80 пратеници

Влатко Зорба

Мицковски: Разумно е да седнеме како политичари и да се договориме

Мицкоски: Заев нека танцува со коронавирусот

Влатко Зорба

МВР потврди: Ден Дончев бил на распит во полициска станица

Николовски: За само две и пол години поставивме силна основа за раст