Политика

Шкријељ: Мизрахи не го знае Законот за социјална заштита

Заменик министерката за труд и социјална политика Санела Шкријељ смета дека техничката министерка Рашела Мизрахи со денешната прес-конференција на која тврдеше дека не се решаваат навремено барањата за право на додаток за помош и нега од друго лице и оти се пробиени сите законски рокови покажала оти не го знае Законот за социјална заштита.

-Загрижувачко е слабото ниво на познавање на законите на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. Со денешната прес-конференција таа уште еднаш потврди дека воопшто не го прочитала новиот Закон за социјална заштита и начинот на којшто функционираат 15 комисии. Ако Мизрахи го прочита новиот Закон за социјална заштита, ќе дознае дека рокот за постапување за предметите за помош и нега од друго лице е 60 дена, а не еден месец како што тврди. Мизрахи во својата прес конференција се повикува на погрешен закон, а тоа е Законот за општа управна постапка. Како за појаснување, рокот е утврден во членот 282 од Законот за социјална заштита и тој е утврден на 60 дена, се вели во реакцијата на заменик-министерката Шкријељ.

Владата, додава таа во реакцијата, изгради децентрализирани Комисии за помош и нега од друго лице за разлика од едната централизирана Комисија која, како што вели, беше воспоставена во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и им наплаќаше 2.000 денари за поднесено барање.

-Во интерес на граѓаните сега поднесувањето на барања за помош и нега од трето лице е бесплатно, а со тоа што сега функционираат 15 комисии во повеќе градови низ државата услугата е доближена до граѓаните. Ја повикуваме министерката да не наседнува на текстовите кои и ги пласираат од штабот на ВМРО-ДПМНЕ туку самата да се информира за законите и измените кои се направени, се вели во реакцијата.

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска на прес-конференција рече дека според податоците што ги добила од центрите за социјални работи во моментов има поднесени и нерешени 11.514 барања за надоместок за помош и нега од друго лице и оти биле пробиени сите законски рокови за нивно решавање. с

Поврзани вести

Раководните лица кои не го испорачале она што се очекува, треба сами да си заминат, смета Битиќи

Влатко Зорба

МЗ: Носител на банкарската гаранција за изградба на новата Клиничка болница е „Интракат“

Апасиев: Џафери е нашиот Че Гевара, од герила директно влезе во власта

Никола Поповски

Заев преку Уставен создава можност да биде амнестиран за сите коруптивни афери, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

Влатко Зорба

Заев: Тој од Будимпешта им ги прави листите на ВМРО-ДПМНЕ

Груевски за „ФАЦ“: Со политика веќе немам намера да се занимавам

Берта Китинска