Политика

СИРИЗА за изборите во С. Македонија: Се потврдува недостигот на кредибилитет во ЕУ

Грчката опозициска партија СИРИЗА на Алексис Ципрас се јави со соопштение по најавата на премиерот Зоран Заев дека во Северна Македонија ќе има предвремени парламентарни избори. Според партијата на Ципрас, случувањата во Скопје само ја потврдуваат неодговорноста на европските лидери.

„Случувањата во Северна Македонија ја потврдуваат неодговорноста на европските лидери и недостигот на кредибилитетот на ЕУ. По отфрлањето на почеток на пристапни за Северна Македонија и објавување предвремени избори, некои во Грција, кои бесмислено зборуваа за штетен договор и за трампа со европејците, наскоро ќе молат да не биде избрана нивната братска партија ВМРО и да се стави во опасност Договорот од Преспа“, стои во соопштението на СИРИЗА.

Поврзани вести

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат одговор зошто се дојдени кај Пендаровски (видео)

Никола Поповски

Димитров: Новата методологија овозможи позитивни сигнали да се придвижи целиот процес на интеграција

Влатко Зорба

Заев: Оставката е поднесена

Никола Поповски

ДОМ: Со новиот Правилник, построги казни за загадувачите

Влатко Зорба

Ахмети за РСЕ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат силна ДУИ (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Денеска ќе се гласа за новата влада, предложена од мандатарот Заев

Берта Китинска