Политика

Систина: Брзите тестови се одобрени од холандската Влада, ќе поднесеме кривична пријава за загрозување на јавното здравје

Брзите тестови за коронавирус (COVID – 19 IgG-IgM Rapid) се набавени од холандска компанија со која имаме ексклузивен договор за соработка. Оваа компанија е ексклузивен дистрибутер на овој бренд на тестови кои ги произведува друга компанија, исто така од Холандија. Овие тестови за производство и употреба се одобрени од холандската Влада, соопшти Клиничката болница Аџибадем Систина.

Посочуваат дека Клиниката има и директна потврда дека конкретниот бренд на тестови меѓу другите земји, потврда за професионална употреба, има добиено и во Велика Британија и Саудиска Арабија кои важат за земји со исклучително ограничувачки и претпазливи регулативи во здравствениот систем.

-Клиничката болница Аџибадем Систина е дел од втората најголема групациjа на болници во светот (IHH) и е првата болница која во земјата ја доби престижната акредитација за квалитет Joint Commission International (JCI) во 2016 година, а во текот на минатата година доби и потврда, односно реакредитација на златниот печат кој гарантира безбедност и сигурност за пациентите и вработените. Оваа најпрестижна болничка акредитација е потврда на високопрофесионална здравствена услуга за пациентите проследена со потврдено квалитетна опрема, технологија и кадар. Сето ова за нас значи одговорност за нивото на услуги кои ги пружаме на нашите пациенти, велат од Клиниката и даваат појаснување во врска со сите шпекулации и дезинформации во врска со брзите тестови кои покрај ПЦР (PCR) тестовите се користат во таа здравствена установа.

Употребата на брзите тестови, наведуваат, е потврдена и препорачана и од FDA – Американската Асоцијација за примена на храна и лекови која сигнализирше дека федералните регулатори се целосно задоволни со податоците за резултатите на тестот, а се поголем е бројот на земји кои се одлучуваат за нивно користење како најбрзо и едноставно решение за проверка на имунолошкиот статус на населението, а преку тоа проверка дека лицата биле во контакт со вирусната инфекција, а со цел побрзо враќање во редовното функционирање.

Највлијателниот медицински англиски магазин исто така пренесува за екстремно зголемената побарувачка на овие брзи тестови од страна на министерствата за здравство и други владини органи во земјите зафатени со пандемијата на вирусот Ковид-19 https://bit.ly/2V0JF0r.

Аџибадем Систина, како сериозна здравствена институција, со сериозна светска акредитација од самиот почеток ги објасни и јавно ги приложи сите детали во врска со овие тестови на граѓаните и понатаму нема никаква намера дополнително да дебатира, а до конкретни лица ќе поднесе кривична пријава за загрозување на јавното здравје преку невистинитите информации кои ги пласираат во јавноста и ширење паника преку изнесување лажни вести. Кон кривичната пријава ќе се приклучи и холандската компанија од која се набавени овие тестови, стои во соопштението.

Поврзани вести

Мајк Помпео во Охрид на средби со државниот врв

Влатко Зорба

Таравари предлага Градската куќа да биде институција за престој на деца со посебни потреби

Влатко Зорба

Жерновски-Брнс: Северна Македонија и САД, од пријатели до сојузници

Заев: Не треба да се чепка во вториот пензиски фонд, тоа се пари на граѓаните

Влатко Зорба

Партиите засега далеку од договор за датум за избори

Тимоние за состојбата во медиумите: Да се надмине големата политичка поларизација за сметка на професионалноста

Влатко Зорба