Политика

Сите документи за аплицирање за бескаматните кредити на Развојна банка достапни електронски

Развојна банка, Управата за јавни приходи и Централниот регистар на Република Северна Македонија апелираат до фирмите коишто ја прибираат документацијата потребна за аплицирање на првата линија бескаматните кредити како една од мерките за КОВИД-19, тоа да го прават исклучиво по електронски пат.

Документите коишто ги издава Централниот регистар како што се тековна состојба, листинг од обработена годишна сметка / завршна сметка за фискалната 2019 година, потврда за стечајна постапка, потврда за ликвидациона постапка, можат да се извадат по електронски пат, потпишани со дигитален потпис, преку системот за е-потврди http://www.crm.com.mk/CRIS/. Додека корисниците на Интернет Дистрибутивниот систем можат да ги извадат преку својот профил. ЗП образецот којшто исто така го издава, Централен регистар е достапен на следниот линк: http://www.crm.com.mk/DS/download/Registers_document_forms/Obrasci_za_upis/Elektronsko_popolnuvanje/ZPe.pdf.

И Управата за јавни приходи апелира на поднесување на електронски барања за добивање уверение за платени даноци и придонеси. Даночните обврзници наместо да доаѓаат лично во Управата за јавни приходи да го поднесат барањето за издавање на Уверение преку системот е-Даноци.
Аплицирањето за првите 5,7 милиони евра бескаматни кредити од Развојна банка, како директна помош за микро, мали и средни претпријатија во борбата со КОВИД-19, започна од денес 26 март. Јавниот повик е објавен на веб страницата на банката www.mbdp.com.mk, а аплицирањето се прави исклучиво електронски со испраќање на документација на е-мејл адресата [email protected]

Во оваа прва фаза, директно ќе се кредитираат најпогодените сектори – угостителство, туризам и товарниот транспорт. Целта на овие кредити е да им помогне на најпогодените сектори да ги премостат иницијалните ликвидносни потреби во овој период. Кредитите се со каматна стапка од 0%, рокот на отплата е до 24 месеци и грејс период од 6 месеци.

Износот на кредитот за кој ќе може да аплицираат претпријатијата зависи од бројот на вработени. Претпријатија до 10 вработени, ќе може да аплицираат за износ до 5.000 евра, претпријатија од 11 до 50 вработени, ќе може да аплицираат за износ до 15.000 евра, а оние од 51 до 250 вработени за износ до 30.000 евра. Најниската сума за којашто може да се аплицира е 3.000 евра.

Поврзани вести

Димитров: Време е на Балканот да се согласиме дека добрата вест за една држава, е добра вест за целиот регион

Влатко Зорба

Скопје ќе добие нова Универзална сала, изградбата почнува по Нова Година

Влатко Зорба

Владата донесе Уредба за примена на Законот за ААВМУ за време на вонредна состојба

Влатко Зорба

Лани завршени проекти во патната инфраструктура во вредност од 237 милиони евра или 505 километри патна мрежа

Влатко Зорба

Анѓушев: Заштедите на ЕСМ ги насочуваме во заштита на животната средина (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Муслиу за ТВ21: Чулев ме заобиколи да собирам информации за „Диво Насеље“

Влатко Зорба