Политика

Скопјани од следната година ќе фрлат ѓубре со картички

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, во гостувањето на „Топ тема“ најави дека до година жителите на Скопје кои живеат во згради, в година ќе фрлат ѓубре со картички.

Како што појасни Шилегов, контејнерот нема да се отвора доколку не се покаже картичката. Имено, за секоја зграда ќе има наменет контејнер, кој ќе работи со тие картички.

Тој појасни дека и новите контејнери кои ги купи градот и ги распредели во минативе денови по општините, имаат можност да бидат „паметни“, односно да јавуваат дека се полни, за да дојде камионот и да ги испразни

Шилегов вели дека сега ги имаат контејнерите, а се чека да се реализира тендерот за „Смарт сити“, па да се инсталира програмата за „паметни контејнери“.

Неговата визија е секоја куќа во Скопје да има по неколку канти за селектирање отпад, но за тоа треба и да почне со работа „Дрисла“, односно да се воспостави систем на селекција и таму. Инаку, се би било залудно, вели Шилегов.

Тој призна дека и по изгласувањето да се одземе „Дрисла“ на концесионерите, сепак Италијанците се уште ја имаат во владение „Дрисла“, од каде тврди дека не се почитува одлуката на Град Скопје за преземање на депонијата под своја капа.

Поврзани вести

Мицкоски: По победата на 15 јули ни претстои обнова на државата

Чулев: Проблемот со личните карти и возачките дозволи е надминат, останува да се реши проблемот со пасошите

Влатко Зорба

Заев на „Економист“: Овде сме во исчекување на добрите вести за приближување на регионот кон ЕУ

user3

Остра реакција на Атанасов по соопштението на Трипуновски за нивната средба во АХВ

Партиите засега далеку од договор за датум за избори

Мицкоски очекува чиста дата за отпочнување на преговори со ЕУ (ВИДЕО)

Влатко Зорба