Политика

Скопје очекува датум за преговори и сатисфакција за сработеното

Северна Македонија е реално да очекува отворање на преговорите за членство во ЕУ, нема најави од Бугарија дека ќе го блокира доделувањето датум.

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ вчера од Скопје порача дека Северна Македонија ја научи лекцијата од минатото и реално е да добие целосна сатисфакција од меѓународната заедница преку отворање преговори со ЕУ, што се очекува да се случи овој месец, и преку официјалниот прием во полноправно членство во НАТО.

-Важно е да ја поддржиме Северна Македонија на тој пат. Тоа е пат без алтернатива кога станува збор за стабилноста на регионот и економскиот и демократски просперитет. Македонија од познати причини во 2008 година на Самитот во Букурешт го изгуби чекорот по кој претходно сигурно чекореше во процесот на интеграцијата, но ми се чини дека некои лекции се правилно научени. Во меѓувреме е направен сериозен напредок и денес е реално да се очекува Северна Македонија да добие целосна сатисфакција пред се преку два потега на меѓународната заедница. Првиот е отворање преговори со ЕУ, што очекуваме да се случи овој месец и вториот официјалниот прием во НАТО, рече Ѓукановиќ.

И министерот за надворешни работи на Финска Пека Хависто, кој ја посети земјава на две недели пред одлуката од Советот на ЕУ за почеток на пристапни преговори со државава, оцени дека Владата направила важни чекори кон остварување на целта за пристапување кон ЕУ и оти се надева дека оваа есен ќе биде донесена одлука со цел Северна Македонија и Албанија да почнат преговори за членство во ЕУ. Сепак, нагласи во процесот на носење одлуки се почитуваат ставовите на сите други држави членки на Унијата.

-Знаеме дека Бундестагот на Германија донесе позитивна одлука и мораме да почекаме се додека сите држави членки на ЕУ не ја заокружат својата позиција за проширувањето, рече Хависто, посочувајќи дека е потребно време да се заокружат односите особено во однос на Србија и Црна Гора, како и дека Брисел е преокупиран со многу работи како Брегзит, бегалската криза.

Не може, вели, да каже дали е оптимист или песимист за стартот на преговорите, но потенцираше дека дебатата за пристапување на Северна Македонија и Албанија се интензивира во Брисел и оти има многу позитивни коментари.

Според претседателот Стево Пендаровски, нема најави од бугарскиот државен врв дека Софија ќе го блокира доделувањето датум за отпочнување преговори со ЕУ. Одговорајќи на новинарско прашање на зедничката прес-конференција со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во вила „Водно“, рече дека бугарскиот државен врв на одржаниот состанок во понеделникот најави поставување барања кои би биле врамени како нивни бенчмаркови во понатамошниот тек на преговорите.

– Нема никаква најава ниту од релевантен фактор од соседна Бугарија, дали е тоа претседател, дали е Владата, надлежните министри, дека Бугарија сега ќе не блокира во средината на овој месец кога чекаме да добиеме датум за преговори, кога ја очекуваме европската одлука на 15 или на 17 октомври. Како понатаму, не само Бугарија, туку можеби и Грција низ понатамошната имплементација на Преспанскиот договор, ќе се однесува во текот на преговорите кои траат со години, во тој долг процес, ќе видиме. Допрва ќе прочитаме и чуеме тоа што го најавуваат како преговарачка рамка за ова прашање, но повторувам тоа е за понатамошниот период кога ќе почнеме да преговараме, се надеваме од почетокот на 2020 година, рече претседателот Пендаровски.

Тој додаде дека во оној момент кога ќе ја видиме преговарачката позиција ќе може да кажеме како ние ќе одговориме на тоа.

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев смета дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и НАТО, а Софија не треба да му удира шлаканица на Скопје, туку да даде поддршка и да ја прошири соработката во сите области, изјави Според него, не треба да има манипулации со историјата, но наместо да се промовира лажен патриотизам треба да се засилува активноста и соработката, особено со Северна Македонија. Плевнелиев вели дека и покрај некои нерешени прашања, сепак, има сериозен напредок во односите меѓу двете земји.

– Единствениот кој не ги одобри достигнувањата беше претседателот Румен Радев. Неговиот надворешно-политички неуспех е очигледен. Тој реши да одржи состанок на државниот врв и да повлече црвени линии. Во никој случај не треба да демонстрираме лажен патриотизам пред изборите. Бугарија не треба да е земјата што ќе и удри шлаканица и да и покажува „црвен картон“ на Северна Македонија. Добро е што Владата со прагматизам и мудрост ја спаси ситуацијата, рече Плевнелиев во изјава за бугарски „Фокус“.

Вицепремиерката и шефица на дипломатијата на Бугарија, Екатерина Захариева, пак, истакнува дека бугарската поддршка на евроинтеграцијата на Северна Македонија никогаш не била безусловна, а условот се добрососедските односи.

– Не постои начин да се стремите да станете член на ЕУ и да имате нерешени билатерални односи. Тоа не е само бугарски критериум, туку еден од критериумите за членство во ЕУ – пријателски и добрососедски односи, рече Захариева во изјава за бугарската ТВ Нова.

Според неа, историскиот дел меѓу Скопје и Софија е потешко прашање од спорот за името што беше решен со Договорот од Преспа.

– Преспанскиот е билатерален договор. Не е лесно да се смени името на вашата земја, но историскиот дел меѓу Бугарија и Македонија е потежок. Целиот идентитет и историја од постоењето на Република Северна Македонија од 1944 година е заснован на делови од нашата заедничка историја, истакна Захариева.

Поврзани вести

Документи откриваат скандал, како Мицкоски криминално испумпувал пари од ЕЛЕМ за луѓе од ВМРО ДПМНЕ

Зекири за повикот на Реисот: Овој РЕЗИЛ место да помогне на граѓаните во ова време на криза бара државата него да го помогне…

Берта Китинска

Живковиќ: Со зголемените капацитети на градинките, ќе се вложува и во човечки ресурси

user3

Дерковски: Измените на Изборниот законик да се донесат што поскоро

Османи: Бугарија не планира да го блокира процесот, даде поддршка за почеток на преговори

Предизборни партиски калкулации во пресрет на техничката влада