Политика

Со Уредба од Владата стопирана исплата на паушали и надоместоци

Владата денеска усвои Уредбата со која се уредува ограничување на правото на исплата на паричните паушали на извршните членови на Одборите на директори, паричните надоместоци на претседателите и членовите на управни и надзорни одбори, претседателите и членовите на советите на единиците на локалната самоуправа и претседателите и членовите на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од Владата и органите на единиците на локалната власт, кои се истовремено вработени за времетраење на вонредната состојба.

-Според Уредбата, на овие лица, заклучно со декември 2020 година не им се исплаќаат парични надоместоци, како и надоместоци за патни и други материјални трошоци.Уредбата не се однесува на лица кои на денот на влегување во сила на оваа уредба со законска сила се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување, соопшти владината прес-служба.

Поврзани вести

Османи: Се надевам дека Собранието ќе ја надмине блокадата, со цел изборите да се одржат во закажаниот термин

Кацарска за Стандард: Неможноста да се донесе одлука за нашата земја го намалува кредибилитетот на ЕУ во регионот

Влатко Зорба

СДСМ: Граѓани внимавајте, извршителот Мицкоски, Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ ќе оделе во населени места маскирани во компетентни кандидати

Таравари нема да толерира дивоградби во Гостивар

Влатко Зорба

Партиите се блиску до договор за датум за избори: Да се искористи периодот на вонредна состојба за постигнување консензус

Каракачанов: Треба решение за проблемот на тема Гоце Делчев бидејќи историјата е јасна

Влатко Зорба