Политика

Собранието од 19:00 часот ќе работи без пауза додека не се распушти

Претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека од 18.00 до 19.00 часот ќе трае паузата од расправата за предлог законот за јавното обвинителство, а по 19.00 часот ќе продолжи и ќе трае без прекин додека Парламентот не биде распуштен.

Претходно, во текот на дискусијата, пратениците од владејачкото мнозинство уште еднаш повторија дека донесувањето на законот за ЈО ќе значи почетокот на борбата против корупцијата и криминалот, додека нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ им возвратија дека го туркаат со сила и противуставно, само за да се спасат Заев и други владини функционери од одговорност.

Според Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, на јавноста треба да и биде јасно дека законот што се турка воопшто не е услов за земјава да добие датум за почеток на преговори со ЕУ. Димовски предупреди и дека ако законот се донесе, „Македонија и официјално ќе стане држава на мафиите“.

– Од овој закон не зависи датумот за преговори со ЕУ. Ме плукавте кога велев дека СЈО е чудовиште, плукајте ме и сега. По донесување на овој закон, на власт ќе биде мафијата зашто преку своите испостави во државната безбеднст и судските институции ќе прави кадровска политика, рече Димовски.

Претходно, Емилија Александрова од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека ВМРО-ДПМНЕ со изнесените ставови за законот за ЈО ја тера партијата во погрешен правец.

-Гласавте за НАТО пред два дена. Сакате да кажете дека тоа не е придобивка за нашата држава? Мене не ми е интерес Заев, јас сум ВМРО-ДПМНЕ и ме интересира во кој правец ја терате мојата партија. Да и помогнеме на партијата да го најде вистинскиот правец. Не знам дали ќе добиеме датум во март, април или јуни, но знам дека ќе добиеме, а законов е поздравен од нашите стратегиски партнери, од ЕУ, и можеме со неговото донесување да придонесеме за добивање датум. Покажете разум, покажете државнички капацитет, дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да гради држава во секоја смисла на зборот, подвлече Александрова.

Поврзани вести

Мајк Помпео во Охрид на средби со државниот врв

Влатко Зорба

Пендаровски ја почна официјалната посета на Полска

Stefanija Kuzmanovska

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со Законот за ЈО е доживотен мандат за Рускоска и Јовевски

Влатко Зорба

Калеска Ванчева: СДСМ нема да отстапи од Законот за ЈО

Влатко Зорба

Османи утре во вонредна посета на Луксембург и Брисел

Влатко Зорба

Шекеринска во Брисел на состаноци на Северноатлантскиот совет

Влатко Зорба