Политика

СОНК го ставаат штрајкот во мирување, Адеми вели дека се максимално посветени за изнаоѓање решение

Самостојниот синдикат за образование и наука и култура (СОНК) денеска соопштија дека го ставаат штрајкот во мирување до период на изнаоѓање решение заедно со Министерството за образование.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков на прес-конференција денеска сподели дека се надеваат дека Министерството за образование ќе се изјасни што побрзо за решенијата.

СОНК побара во колективниот договор да се вгради исплатата на прекувремена работа, да се исплаќаат патни трошоци итн.

Министерот за образование смета дека МОН и СОНК имаат одлична комуникација. Тој изрази жалење дека денеска немаат договор, но се надева дека во најбрз временски период ќе се постигне договор за покачување на платите.

– Јас ги поканувам претставниците на СОНК во МОН за последна рунда на пријателски преговори, каде ќе се знае финалниот став. Преговорите имаат заедничка цел – подобрување на условите во образованието. Максимално сме посветени и сакаме да изнајдеме решение, смета министерот за образование.

И.Р.

Поврзани вести

Верхофштат: Сите балкански земји треба да бидат дел од ЕУ

user4

Димитриевски: Верував и сè уште верувам во институциите и непристрасните професионалци во системот

МЗ: Мицкоски изнесе невистинити информации, тестови за коронавируст има доволно, количините постојано се дополнуваат

Влатко Зорба

Костадинов: На 12 април ќе се судрат деструктивниот концепт на ВМРО-ДПМНЕ и развојниот концепт на СДСМ (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Македонски концепт: Мораме да го деполитизираме македонското општество

Влатко Зорба

СДСМ: Додека Мицкоски тера политиканство, Владата се бори против коронавирусот

Влатко Зорба