Политика

Спасов: Граѓаните не даваат целосна доверба никому во борбата против корупцијата и во создавањето независно судство

Зоран Заев води за пет проценти пред Христијан Мицкоски во анкетата на „Рејтинг“ на прашањето кој би бил подобар премиер. Анкетата на рејтинг не е класична анкета за директно мерење на рејтинзите на политичките партии, туку е анкета со поголем број теми. Анкетата ја спроведе Никола Спасов кој вечерва гостуваше на ТВ 24 во емисијата „Анализа“.

„Анкетата е на поголем број теми и овие прашања се за испитување на пулсот на граѓаните. Поводот за анкетата беше завршување на мандатот на СДСМ и почетокот на техничката влада. Меревме сет прашања која влада подобро би се справила со проблемите, особено со корупцијата, криминалот, економијата… Воочливо е дека граѓаните не даваат целосна доверба никому во борбата против корупцијата и во создавањето независно судство, изјави Спасов од „Рејтинг“.

Темата правда последните години се наметнува како една од главните теми во анкетите затоа што испитаниците во голем дел одговараат дека независно судство и неостварлива правда им се најголеми проблеми.

„Порано на прво место беше невработеноста како проблем, а потоа платите и стандардот. Сега откако имаме намалување на невработеноста, платите се приоритет број еден за граѓаните, а на второ место е испораката на правда“- коментираше Спасов.

Според бројките од анкетата 42 отсто од граѓаните не веруваат во ниту една Влада деќа ќе им донесе правда, но 27 отсто веруваат дека СДСМ ќе го стори тоа, наспроти 23 отсто кои истото го сметаат за ВМРО ДПМНЕ.

Поврзани вести

Пендаровски стави потпис на Инструментот за пристапување кон НАТО

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против унапредување на демократијата, затоа на 12 април уште еднаш ќе загубат, велат од СДСМ

Никола Поповски

Костадинов: Да ја прочистиме гламурозната администрација на ДПМНЕ

Влатко Зорба

Во македонската амбасада во Вашингтон одбележан 13 Ноември

Влатко Зорба

СДСМ: Граѓаните ќе го казнат Мицкоски со нов изборен пораз

Влатко Зорба

Царовска: Сите 27 деца од Мајчин дом Битола се преселени во објекти кои наликуваат на топол семеен дом (ВИДЕО)

Влатко Зорба