Политика

Спасовски до кумановци: Нема простор за паника заради полицискиот час

Премиерот Оливер Спасовски вечерва на неговиот фејсбук-профил упати апел до кумановците да останат присебни во овие моменти, нагласувајќи дека нема простор за паника заради полицискиот час.

– Апелирам до граѓаните на Куманово навистина да бидат присебни во овие моменти, нема простор за паника, мерката е за викендов и нема потреба дополнително да се изложиме на ризик и да се излегува и купува во маркети, два-три дена може да поминеме во изолација, напиша Спасовски.

Тој посочи дека одлуката е донесена врз основа на мислења на стручни лица од Комисијата за заразни болести.

– Ова е тешка, рестриктивна одлука, но неминовна да се донесе за да го спасиме животот и здравјето на граѓаните и да го пресечеме патот на ширењето на вирусот, напиша на ФБ премиерот Спасовски.

Поврзани вести

Средба на Мицкоски со заменик-координаторот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ

Влатко Зорба

СДСМ: Стапката на невработеност кај младите е намалена на 35%

Влатко Зорба

Шкријељ: Преку покачување на платите и мотивирање на компаниите се бориме против родовата нееднаквост

Влатко Зорба

Зендели: Се залагаме за три изборни единици и отворени листи

Влатко Зорба

Костадинов: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ да престане да се заканува на пратеници (ВИДЕО)

Влатко Зорба

ВМРО-ДПМНЕ го остави Еурокомпозит во долгови, СДСМ го реши статусот на околу 153 стечајци од оваа компанија со закон