Политика

Спасовски: Граѓаните кои се надвор од државата да не се враќаат сега

Премиерот Оливер Спасовски вечерва упати апел лицата кои се обврзале со изјавa за самоизолацијата, како и оние со решенија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат да ги почитуваат мерките и препоракте на Владата, а до нашите граѓани кои се наоѓаат надвор од државата дека ќе помогнат ако не се враќат сега во земјава.

-Укажувањата превентивните мерки што ги презема Владата во справувањето со вируисот беа многу порано од сите држави во опкрукжувањето па дури и пошиорко. Дури имавме превентивни мерки поголеми од Италија. Во тие моменти кога наши граѓани се враќаа од Италија веќе на нашиот аеродром и на влезот на границата имаше преземање на превентивни мерки. Дека има луѓе кои не ги почитуваат тие мерки, да има, и затоа ние воведувавме можност следење на луѓето кои се во самоизолација по потпишувањето на изјава дека ќе останат во самоизолација или пак оние што биле во директен контакт со одредени кластери кои се носители на вирусот тие имаат издадено решение од Санитарниот здравствен инспекторат дека треба да бидат 14 дена во самоизолација. Сепак, тука имаме состојба во која што одредени лица не почитуваат, за нив се водат и кривични постпаки, рече Спасовски во интервју за ТВ 24.

Тој укажа дека во многу од градовите каде што лица не почитуваат самоизолација беа известени органите и врз основа на тоа се покренати кривични постапки, дури се казнети одрдени лица бидејќи и тука нема дилема дека тоа мора да се почитува.

-Ги повикувам граѓаните за лица кои знаат дека не се во самоизолација, а треба да бидат, веднаш да ги известат надлежните органи и на тој начин помагаат, рече Спасовски.

Во однос на нашите државјани затекнати во странство, а кои сакаат да се вратat назад во земјава, единствен граничен премин што функционира за излез и влез во РСМ е Деве Баир и таму се поставени службите. Оние коишto доаѓаат од стрнаство се носат директно во државен карантин на локации кои се определени за таа цел и за тоа има посебно формирано тело.

-Нема отстапки за тие луѓе. Има состојба во која се најавува дека ќе пристигнат во државава лица, се пријавуват преку МНР на крајот кога ќе се организира превозот трансферот не доаѓаат заради тоа што има карантин. Јас апелирам до тие граѓани кои се наоѓаат надвор од земјата – ќе помогнат ако не се враќат сега во државата. Да си останат таму каде што се подобро за нив и за нивното здравје, подобро е и да се намали ризикот во РСМ, а во опкружувањето сега нема никаде слободна граница на која можете толку лесно да преминете. И затоа со недоаѓањето можете да покажете одговорност во овој дел. Јас имам навистина разбирање за луѓето кои се заминати деловно за работа или пак од некоја друга причина, а се затекнати на некој аеродорм, на некоја граница, тука реагираме што е можно побрзо тие луѓе да ги враитме назад, но сите мора да одат во карантин, рече Спасовски.

Поврзани вести

Синдикатот на правосудството при САДУ реагира на одлуката за нерамномерно зголемување на додатоците на плата

Влатко Зорба

Спасовски вели дека не биле уценувани од ДУИ за кратењата на платите во администрацијата

Влатко Зорба

Османи за „Катимерини“: Позицијата на Атина е позитивна

Stefanija Kuzmanovska

Димитров во посета на Брисел

Влатко Зорба

Милошоски за снимките: Фетаи најдобро знае дека Заев лаже

Влатко Зорба

Маричиќ: Успех е скокот од заробена држава, две години подоцна да се вратиме на масата каде се носи одлука за преговори

Maja_Serafimova