Политика

Спасовски: Извештајот на ЕК е охрабрувачки сигнал дека ќе имаме позитивна одлука за отворање на преговорите

Извештајот на Европската комисија е охрабрувачки сигнал дека сите земји членки на Европската Унија ќе постигнат согласност за позитивна одлука за отворање на преговори колку што е можно побргу како признание за реформите и за политичката одговорност на земјата да остане верна на европските вредности и на спроведувањето на договорот од Преспа и на договорот со Бугарија, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната средба со министерот за надворешни работи на Република Кипар, Никос Кристодулидес.

Од владината прес-служба соопштија дела Спасовски на средбата, во негово име и во име на Владата, го истакнал задоволството од неодамна воспоставените дипломатски односи со Република Кипар, и нагласил дека е од големо значење тоа што Владите на двете земји се залагаат да се развие соработката во сите области од заемен интерес.

– Северна Македонија е подготвена целосно да ги интензивира процесите за развој на добри пријателски и сеопфатни односи со Кипар, и во таа насока е првата иницијатива за потпишување на договор за ослободување од двојно оданочување помеѓу двете земји, нагласи премиерот.

Кристодулидес на средбата изразил безрезервно уверување дека неговата земја, како и до сега, ќе го поддржи донесувањето на одлука за старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и заради фактот на одржување на континуитетот на реформските процеси и за доследно спроведување на договорите со Грција и Бугарија.

Поврзани вести

Алијанса за Албанците: Владата да го намали коефициентот на пресметување на платите на сите избрани и именувани функионери

Заев за РСЕ: Убеден сум дека ќе победиме на 12 април (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Спасовски: Сите ние треба да се прилагодиме на новата ситуација

Берта Китинска

Груби ги повика Албанците да им се приклучат во остварување на идејата за прв Албанец премиер (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Средба на работните групи на власта и опозицијата за Изборниот законик

user4

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголема закана за здравјето и лош пример кој не треба да се следи