Политика

Спасовски: Како никогаш досега е потребна помошта од нас за сите здравствени работници

Сите здравствени работници да ја носат опремата, да се заштитат себеси и сите околу себе. Државниот санитарен и здравствен инспекторат ги интензивира контролите за почитување на мерките од страна на здравствени работници, апелира премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил на кој наведува дека на Главниот координативен кризен штаб денеска, меѓу другото, е разговарано за заштитата на медицинските работници и за обезбедувањето услови за нивна максимална заштита.

-Нашите здравствени работници деноноќно работат на заштита на нашите граѓани. Тие се на првата линија во борбата со коронавирусот. Нивната заштита е приоритет. Министерството за здравство од почетокот на кризата воведе протоколи за заштита за здравствените работници, тоа се протоколите за заштита во 3 степени со детални објаснувања до сите јавни здравствени установи во земјата, и истите знаат дека мора да постапуваат по нив, пишува Спасовски.

Им препорачува на сите донатори своите донации да ги пренасочат за потребите на здравствениот систем и здравствените работници кои деноноќно посветено работат на заштита и лекување на нашите граѓани.

-Ова е и повик до сите наши граѓани: Како никогаш досега е потребна помошта од нас за сите здравствени работници. Да им помогнеме за да бидат во состојба да ни помогнат нам со почитување на мерките и препораките што доаѓаат токму од нив, наведува Спасовски во објавата на Фејсбук.

Поврзани вести

Спасовски: Сите да се посветиме да го намалиме бројот на новозаразени

Влатко Зорба

Димовски: Законот за јазици мора да претрпи измени во согласност со препораките на Венецијанската Комисија

Влатко Зорба

Џафери-Томан: Вишеградската група ќе биде меѓу најгласните поддржувачи на земјите од Западен Балкан за добивање на членство во ЕУ

Александар Петровски

СДСМ: Масовното присуство потврди, граѓаните даваат поддршка на нашите политики

Влатко Зорба

ЦИВИЛ: Лажни вести, злоупотреба на граѓански протести и говор на омраза во предизборието

Влатко Зорба

Дескоска не учествува на Маршот за правда

Влатко Зорба