Политика

Спасовски: Конструктивна средба со претставниците на синдикатите и граѓанските организации за заштита на правата на работниците

Владата и синдикалните организации дефинираа предлози кои се добра основа за решение за спроведување на финансиската поддршка за платите на работниците и за зачувување на работните места, објави денеска на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски.

– Денеска остварив конструктивна средба со претставниците на синдикатите и граѓанските организации за заштита на правата на работниците, на која се разговараше за уредбата за владината финансиска поддршка за исплата на платите на работниците и за спас на работните места и се постигна заедничка согласност дека во иднина ќе продолжи и ќе се интензивира економско социјалниот дијалог со сите партнери во врска со следни одлуки поврзани со спречување на економските последици од кризата, наведе Спасовски во објавата на Фејсбук.

Владата, претходно соопшти дека заедно со синдикалните организации дефинирале предлози кои се добра основа за решение за спроведување на финансиската поддршка за платите на работниците и за зачувување на работните места.

Поврзани вести

Костадинов ги достави до Обвинителството документите за работењето на Мицкоски во ЕЛЕМ (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Милошоски: МНР ги нема искористено најдобрите ресурси по однос на предложените кандидати за амбасадори

Заев: Ние немаме намера да правиме „локдаун“

Берта Китинска

Заев: Опозицијата да го прифати Законот за ЈО и да докаже дека е против криминалот

Влатко Зорба

Спасовски: Договорот од Преспа е голема победа на дипломатијата и на Северна Македонија

Димитров: Ги поздравуваме напорите на Европската комисија за подобрување на пристапниот процес

Влатко Зорба