Политика

Спасовски: Мерките нудат директна помош за компаниите да ги задржат работниците и да се оддржат во следните два месеци

Врвен приоритет на Владата е здравјето и животот на граѓаните и затоа голем дел од ресурсите ги насочуваме кон заштита на луѓето и намалување на ризикот од ширење на вирусот и на тој начин да бидеме поефикасни во делот на економијата, бидејќи колку побрзо ќе се стави под контрола, толку подобро ќе биде и за делот на економијата, изјави вечерва премиерот Оливер Спасовски за „Топ Тема“.

Вториот сет на мерки, посочи тој, се за помош на реалниот сектор и на економијата, бидејќи е важно по завршување на кризата економијата да
продолжи да функционира.

– Во тој дел се насочени и овие мерки. Да помогнеме на работниците, да помогнеме на работодавачите и на тој начин да си помогнеме и самите на себе, како граѓани генерално, нагласи Спасовски.

Посочи дека реакции и критики имало и ќе има, но сетот на мерките што денеска беа претставени нуди предвидливост и директна помош за
компаниите да ги задржат работниците и да се оддржат во следните два месеци.

– Веројатно нема да бидат доволни овие пакет на мерки и ќе има потреба од носење на нови мерки. Ние како Влада сме сосема на чисто
дека ќе го правиме во наредниот период. Објавивме прв сет на мерки и тогаш имаше реакции, па ги користат тие што најмногу им се потребни.
Сега имаме втор сет на мерки, што сметаме дека ќе помогне во голема мера. Не исклучуваме дека треба да има и дополнителни мерки што уште повеќе ќе помогнат во делот на економијата, но притоа да не го занемариме здравството, здравјето и животот на граѓаните, изјави Спасовски.

Поврзани вести

Европскиот парламент со голема поддршка за С. Македонија

Влатко Зорба

Локвенец: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат со „ситно политиканство“ и да го поддржат Законот за одбрана

Мицкоски за средбата со Борисов: Никогаш нема да прифатам работи кои се на штета на македонскиот народ и Македонија

Влатко Зорба

ДС: Да се свика итна седница, на која ќе се разговара за издржаноста и оправданоста на мерките

Берта Китинска

Утврдени условите за легализација на дивоградби изградени до 1 октомври годинава

Влатко Зорба

Отворен ден во Кабинетот на Претседателот Пендаровски

Влатко Зорба