Политика

Спасовски: Попуштањето на рестриктивните мерки ќе се одвива во три фази

Владата го донесе планот за попуштање на рестриктивните мерки како процес кој ќе се одвива во три фази согласно развојот на епидемиолошката состојба.

Првата фаза е тековно функционирање на стопанските дејности во време на прогласена вонредна состојба и ограничено движење на населението на целата територија на државата со постепено намалување на времето за забрана на движење.

Втората фаза како транзициона фаза е иницијално воспоставување на работните активности со почиттување на препорачани мерките и стриктни протколи за работа во услови на превенција и спречување на појава и ширење на Ковид-19.

Третата фаза која предвидува потполно враќање на редовниот работен процес со почитување на основните мерки за одржување лична хигиена и физичко дистанцирање.

Ова денеска го соопшти премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција во Владата, кој информира дека низ повеќе фази ќе се спроведува намалувањето на рестрикциите во новото секојдневие, а меѓу секоја фаза ќе следи преглед и проценка на актуелната ситуација и одново одлука дали се исполнети условите да се продолжи олабавувањето на мерките во секоја следна фаза.

– Сите следни чекори кон новата нормалност ќе зависат од три кртиериуми. Прво дали паднемијата е ставена под контрола, второ дали здравствениот систем е во состојба да се справи со појавување повторно на случаи и трето дали системот за надзор на јавното здравство може да ги открие и да управува со случаите и контактите и да идентификува повторување на случаи, рече Спасовски.

Од утре, појасни Спасовски, ќе почнат да се применуваат мерки со нови протоколи за работа за дејности со помал ризик, и тоа Завод за рехабилитација на слух, говор и глас Скопје, Центри за едукација, обука и семинари за возрасни, организација на седници на органи на управување и конференции, автошколи, автоиспитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови и тенис, спортски и други обложувалници преку шалтер, затворени трговски центри без угостителски објекти.

– Согласно епидемиолошката состојба и одлуката од Комисијата за заразни болести се дозволува отворање на затворените трговски центри со почитување строги правила и протколи. Во моловите се уште нема да биде дозволено примање гости во рестораните и кафулињата освен преку систем за нарачка и достава. Ограничено скратено работно време од 10 до 18 часот со исклучок во недела кога ќе бидат затворени, нагласи Спасовски.

Владата, додаде премиерот, заклучи да се дозволи службено патување надвор од земјата на избрани и именувани лица со почитување на протоколите на Комисијата за одржување потребно растојани, заради координација и други итни причини кои не трпат одлагање.

Дејностите со одржување состаноци, седници, конференции ќе можат да се спроведуваат во ограничено времетраење од најмногу шест часа, со пауза на секои два часа, со ограничен број учесници и задолжително носење заштитна опрема.

Прашан кога може да се очекува отворање на угостителските објекти тој рече дека Владата следната недела ќе го донесе планот за нивно отворање, но се ќе зависи од епидемиолошката состојбата и почитувањето на мерките.

Поврзани вести

Спасовски до кумановци: Нема простор за паника заради полицискиот час

Влатко Зорба

Северна Македонија почна да добива гас преку „Турски тек“

Влатко Зорба

Зеќири: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ наместо да шират лаги, да дадат некаков придонес за нашето зачленување во НАТО

Спасовски и Лукаревска во втората изборна единица

Дваесет и четири години од атентатот врз Глигоров

Влатко Зорба

ВМРО ДПМНЕ смета дека Македонија е по подготвена од било кога да добие датум за преговори

Влатко Зорба