Политика

Спасовски: Се навикнавме дека опозицијата нема став за ниту едно клучно прашање

Во здравствената криза, пред се, бевме исклучиво потпрени на мислењето на Комисијата за заразни болести, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски во денешното издание на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Тој изјави дека институциите ја држат ситуацијата под контрола, но сепак секој поединец има одговорност во справување со пандемијата.

– Институциите продолжуваат кон функционирање кое значи успешно справување на оваа криза, но секој од нас треба да се однесува одговорно и да придонесе кон релаксирање на кризата. Сите анализи укажуваат дека би требало да имаме намалување на тенденцијата на новозаразени. Но тоа не значи дека не треба да не се почитуваат здравствените мерки за хигиена и дистанца, рече Спасовски меѓу другото.

Според него, изборите мора да се спроведат како што е пропишано во Уставот и законите со учество на сите партии за целосен легитимен и регуларен изборен процес.

-Ако изборниот процес заврши како што е предвидено според Уставот, 22 дена по завршување на вонредната состојба, тоа не остава простор за своеволно толкување на Уставот и постапување по политички договори. Каква држава би биле ние ако наместо почитување на законот се оди на почитување нечија политичка волја. Добро е да имаме консензус за учество во политичкиот процес. Разговаравме во партијата, за сите нас е важно да се оди на избори со сите политички структури и на тој начин да се добие легитимитет. СДСМ како одговорна политичка партија досега покажа дека има јасни политички ставови, дека не отстапува, туку реализира… Не го разбирам Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ кога би сакал да има избори?! Се навикнавме дека опозицијата нема став за ниту едно клучно прашање. Но мораме да имаме висока свест во рамките на оваа здравствена и економска криза, се со цел да ги комплетираме институциите и да продолжи интересот за справување со Ковид 19, економската криза, евроинтегративниот пат и слично, рече Спасовски.

Поврзани вести

ДУИ ќе предложи премиер на сто дена пред завршување на мандатот на оваа Влада

Активни на коронавирус во Скопје има 1.837 лица, трицифрен е бројот во осум општини

Влатко Зорба

Шекеринска од Кичево: Одиме на едноцифрена невработеност

Таравари: Ахмети треба да се пензионира неговото време заврши

Берта Китинска

Спасовски во посета на манастирот Св. Наум Охридски Чудотворец на Попова Шапка

Влатко Зорба

Спасовски: Целосно сум посветен на доброто на моите сограѓани во Куманово и во целата земја

Влатко Зорба