Политика

Спасовски вели дека не биле уценувани од ДУИ за кратењата на платите во администрацијата

Во врска со кратењата на платите во администрацијата, предложени од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но на кои остро се спротивставија од ДУИ, премиерот Оливер Спасовски во „Економски магазин“ на „Алсат-М“ одговори дека во ова време на криза, власта не е засегната од политиканство и дека не биле уценувани од ДУИ.

На прашањето дали ДУИ ја принудила Власта да направи нешто за да не ја намалат платата во јавната администрација бидејќи ДУИ првично беше против какви било кратења и веднаш излезе со коментар за предлогот на лидерот на СДСМ кога предложи намалување на платите на 14 500 ден. ДУИ веднаш рече не, Спасовски изјави дека „политиката нема улога во оваа криза и во донесувањето одлуки“.

– Секој може да има партиски ставови и да излезе и да прави политика. Реков и, сметам дека корист од оваа криза не може да биде основа за функционирање. Профит од кој било аспект, било да е тоа економски, политички или медиумски итн., не може да има во време на криза. Второ, дали ДУИ нè уценувала со нешто? Не! Ниту една од политичките партии. Не, затоа што нема со што да нè уценуваат, смета Спасовски

На прашањето дали ќе ги намалите платите на администрацијата, премиерот вели: „Ова зависи во каква состојба ќе биде буџетот, колку долго ќе трае кризата и како ќе се однесуваме во текот на овој период. Значи, ние правиме сериозна анализа“, рече Спасовски.

Поврзани вести

МАПАС: Средствата од задолжителните пензиски фондови се во сопственост на членовите

Влатко Зорба

Извештајот на ЕК за напредокот на земјава се очекува од 2 до 4 март

Влатко Зорба

Сугарески за парцелите кај „Холидеј Ин“: Не сум криминалец, се е спроведено законски

Дендиас: Договорот од Преспа веќе даде резултати

user3

МЗШВ реагира: Трипуновски да се воздржи од вакви дејствија!

Масовните тестирања овозможуваат враќање во нормала, вели градоначалникот на Дебар