Политика

Спасовски: За само две и пол години успеавме да отпочнемe со градба на два круцијални објекти за МВР

За само две и пол години успеавме да отпочнемe со градба на два круцијални објекти за Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, пишува утрово на својот ФБ профил министерот за внатрешни, Оливер Спасовски.

Се работи за ИКТ Центарот за складирање и заштита на податоците, за опоравување од катастрофи и обезбедување континуитет во работата во Прилеп и нов објект наменет за Одделот за криминалистичко технички испитувања и вешташења со современа форензичка лабораторија на МВР во Скопје.

Тој изрази благодарност за безрезервната поддршка на пријателите од Европската Унија и од Европската Комисија, без чија што помош не ќе можевме толку брзо и темелно да ги спроведеме овие, за нас големи и значајни проекти.

Поврзани вести

Нов пакет мерки за граѓаните и компаниите, најавува СДСМ

Берта Китинска

СДСМ: Чулев е директна опаснот по јавното здравје

Влатко Зорба

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужби за начинот на верификација на мандатите на дополнителните осум пратеници

Берта Китинска

Петар Богојески од Градски парк: Домаќинлукот по дворот се познава

Здружението на судиите најостро ги осудува нападите врз судството и судиите

Влатко Зорба

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Заев нема иднина, туку само тоне се подлабоко

Никола Поповски