Политика

Спасовски за сетот мерки: Сметавме дека оние што имаат најмногу, треба да дадат најмногу

На прашањето зошто не се намалија платите на администрацијата на минималец, каков што имаше предлог, премиерот на РСМ, Оливер Спасовски на вечерашното гостување на „Топ Тема“ на „Телма ТВ“ изјави дека се решиле на оваа одлука бидејќи сметале дека солидарноста најпрво треба да ја покажат функционерите и дека оние што имаат најмногу, треба да дадат најмногу.

– Мерките и одлуките ги носме врз основа на анализите кои што ги правиме во Владата и сметавме дека солидарноста најпрво треба да ја покажат функционерите и дека оние што имаат најмногу треба да дадат најмногу. Во јавноста постојано се дискутира за тоа што земаат функционерите какви привилегии имаат и што треба да прават и мислам дека првичната одлука на тоа што се однесува да бидеме солидарни е токму сите ние – почнувајќи од претседателот на државата, на владата, министрите, замениците итн. Секако дека ќе гледаме како се одвиваат работите понатаму, разговаравме и на еконмско-социјалниот совет на кој што беа и работодавачите и синдикатите во однос на овој сетна мерки, и сметам дека сетот е доволен во овој момент, но не исклучуваме дека ќе се донесат повеќе мерки, вели Спасовски.

Во односна тоа дали ќе има кратење и кај членовите на регулаторните тела, кои се независни, како што се Агенцијата за електронски комуникации, тој вели дека ќе се намали надоместокот кај сите што се избрани и именувани функционери.

На прашањето дали ќе се крати од нивните резерви, кои имаат и по неколку милиони евра, Спасовски вели дека од секаде има кратење во буџетот.

– Сите ресурси и капацитети мора да бидат искористени сега, таму каде што имаме средства кои што можат дапомогнат на државата за да успееме, вели тој.

Поврзани вести

Конгресменот Прајс за одбивањето на преговори: Не сакам да ја видам Северна Македонија како поминува низ сето ова

user4

Атанасов: Образовните програми треба да се прилагодат на модерното време и возраста на децата

Од Охрид, Помпео отпатува за Атина

Влатко Зорба

Борисов: Го поддржуваме започнувањето преговори со Северна Македонија и Албанија

Влатко Зорба

Пендаровски по повод Рамазан бајрам: Да останеме претпазливи и дисциплинирани и да ги почитуваме препораките во борбата со Ковид-19

ДОМ бара истрага за верскиот собир во Струга