Политика

Стеванаџија: Каде се видело анекс од 200 милиони евра за клучки за автопат?

Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ на расправата денес по Предлог-законот за гаранција од државата за Договор за заем од 179 милиони долари за дополнително финансирање на автопат Кичево – Охрид којшто ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, сподели убеден е во криминалноста на овој договор за задолжувањето од, како што рече, 198 милиони евра, и оти ниту министерот за транспорт и врски не е убеден дека ова е добар договор.

-Кои беа вашите тези во 2011 година – Владата е криминална затоа што се задолжува за тогаш 505 милиони долари за два автопата, кинеската Сине хидро е криминална. По седум години што дојде сега. Сега не е министер Миле Јанакиески, туку Горан Сугарески. Кинезите – тие се криминалците и тогаш и сега, ако сте биле во право. Јас сум убеден дека такви луѓе не постојат, но вие ги етикетиравте. Кинезите им давале проценти на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, сега Вас не знам што ви даваат. Тогаш Сине хидро не чинеше бидејќи во Србија некој направил за многу помалку пари повеќе автопат. Сега на тие пари вие додавате уште 200 милиони со анекс во пазарна економија. Зарем нема некоја фирма која би рекла – да, јас овие клучки овие траси ќе ги поправам за 50 милиони. Каде се видело во Европа анекс од 200 милиони, праша Стевананџија.

Поврзани вести

Резултатите од Клиниката за гастро велат дека Боки 13 може да ги следи рочиштата за „Рекет“

Влатко Зорба

Пленковиќ и Макрон разговарале за отворањето преговори со Северна Македонија

Влатко Зорба

Чулев: Полицијата е ангажирана во патролно обезбедување на сите кои се можни преносители на коронавирусот

Влатко Зорба

Поради етничките Албанци во С. Македонија, Меркел била против раздвојување за почеток на преговори

user3

Денеска завршува расправата по Предлог-буџетот за 2020 година

Никола Поповски

Борисов: Со Каракачанов имаме ист став за Северна Македонија

Влатко Зорба