Политика

Сувенири од 360.000 евра, купени од времето на ВМРО-ДПМНЕ, скапуваат во Националниот музеј (ФОТО)

Стотици кутии во кои има сложувалки со мотиви од Скопје 2014, купени од Кина, по цена од високи 360.000 евра, скапуваат во подрумот на Националниот музеј. Идејата на власта на ВМРО-ДПМНЕ била да продава сувенири на кои се прикажани антички елементи и со тоа да го промовира Скопје 2014. Но, и по шест години, кутиите од Кина, скапо платените, гнијат во подрумски простории. Како завршиле таму ќе мора да откријат надлежните.

Порталот Нова ТВ пренесува изјава на Јован Шурбановски, директор на музејот кој го потврдува случајот.

„Музејот во моментов располага со околу 10.000 сувенири со различни мотиви, кои се добиени со Одлука на Влада  преку Министерството за култура. Тое е само дел од целиот асортиман на предмети кои музејот ги нуди, меѓу кои се и музејски копии кои музејот авторски ги изработува. Овие предмети се доделени на НУ Музеј на Република Северна Македонија во 2013 година со Одлука на Влада на РМ. Досега од технички причини истите не беа дистрибуирани во останатите сувенирници на локалните и национални музејски установи” изјавил Шурбановски. Според него, овие кутии полни со сувенири за кои нема интерес на пазарот одземаат вреден простор во изложбените сали.
 
Министерството за култура склучило договор со фирмата „Агенс“ која набавила сувенири, но потоа таквите предмети не излегле во продажба. Која е причината ќе мора да утврдат надлежните органи. Зошто и како се купени, исто така ќе мора да се истражи.

Сувенири Скопје 2014Сувенири Скопје 2014Сувенири Скопје 2014Сувенири Скопје 2014Сувенири Скопје 2014Сувенири Скопје 2014

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и власта вршат притисок врз ДИК

Одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Мерцедесот во кој се возат владини претставници е запленет во кривично дело и граѓаните не ги чини ни денар

Влатко Зорба

Лајм: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пред договор за влада со премиер Албанец

Александар Петровски

Мицкоски е подготвен да преговара со ДУИ,но не прифаќа премиер Албанец

Берта Китинска

Калеска -Ванчева: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки од своите позиции во советите на АВМУ и НТВ

Влатко Зорба