Политика

Сведок: Пристап до прислушуваните броеви имале Мијалков, Грујевски и Николиќ

Звонко Костовски никогаш не ми даваше налог на ливче или усно, да маркирам некој број. Од Надица Николиќ добивав наредба да им доделам на репродуцерите, кој од нив, кој број да го слуша, истакна сведокот Марјан Јанкуловски, поранешен вработен во УБК, на денешното судење за предметот „Таргет-Тврдина” за незаконското следење на комуникациите.

На прашање на обвинителот Трајче Пеливанов, Јанкуловски рече дека пристап до фолдерите каде биле маркираните броеви имале Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Надица Николиќ… тие преку таа привилегија имале можност да ги видат броевите, да ги прислушуваат разговорите и да ги читаат СМС пораките. Сведокот ги „режел” ЦД-а со снимените разговори кои дел биде со судски наредби, а дел без. Без судска наредба и ги предавал дисковите на Надица Николиќ. Само еднаш имал барање од Горан Грујевски да му сними цедиња со разговори од Зоран Заев.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Поврзани вести

Зибери: Социјална пензија за сите жени кои немаат ниту еден ден работен стаж

Лидерите на ЕУ се уште без договор за датум за преговори

Влатко Зорба

Борисов: Oценката на Пендаровски за политиката на Софија кон Скопје е како добиена највисока оценка од „Стандард и Пурс“

Влатко Зорба

Џафери: Власта и опозицијата да направат напори за приближување на ставовите за Деловникот

Иницијатива за измени на ЗКП за спречување на одолговлекувањето на судските постапки

Влатко Зорба

Вархеји: Определивме првична финансиска помош и начини за ублажување на социоекономските последици во С.Македонија

Влатко Зорба