Политика

Таблата беше евтина театарска претстава, вели Мизрахи

Нема прекршување на Преспанскиот договор од страна на Рашела Мизрахи, тврди ВМРО-ДПМНЕ. Проблемот со нејзиното разрешување е во свеста и потсвеста на некој од Владата.

Илија Димовски на вечерашната собраниска расправа во рамки на 136. седница рече дека употребата на името Северна Македонија согласно преспанскиот договор сé уште не е обврска и побара предлогот за разрешување на Мизрахи да биде повлечен.

-Заради ова ќе ја разрешувате Мизрахи, затоа ќе предизвикувате политичка криза? Направивте СДСМ да биде погрчка партија и од најгрчката. Ги терате со сила кутрите пратеници по 17 пати да го употребуваат новото име. Соберете ја вашата пратеничка група и кажете и да се подготвува за пораз на изборите, истакна Димовски.

Според координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, ваквото однесување на СДСМ го покажува стравот од избори поради што се настојува да се предизвика криза.

Мизрахи, пак, во обраќањето по Спасовски нагласи дека наместо да ја остават да ја врши својата работа на функцијата министер, била мета на антисемитски напади од лица кои, како што рече, ниту бираат средства, ниту начини, ниту зборови.

– Таблата беше евтина театарска претстава, истакна Мизрахи.

Поврзани вести

Милошоски: Власта ја замајува јавноста со измислена тема за да ги прикрие неуспесите во економијата и корупцијата

Влатко Зорба

Калеска Ванчева: СДСМ нема да отстапи од Законот за ЈО

Влатко Зорба

Собраниска седница за усогласувањето на старосната пензија

user3

Бројот на административци намален од 165 на нешто под 140 илјади

Влатко Зорба

Само прочистување во судството ќе донесе позитивни резултати, смета Заев

Влатко Зорба

Почна демонтажата на времениот објект на покривот од ГТЦ

Влатко Зорба